Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Влада на страната на транспортерите: Николоски бара итно одложување на новите шенген-правила

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-library17cmrulfmv80flLPSNQ

Јас и Владата го разбираме  револтот на транспортерите и протестот кој ќе го направат превозниците од понеделник, не само од Македонија туку од цел регион од Западен Балкан поради новите правила за електронска евиденција во земјите од шенген зоната. Новите правила и штетат на домашната економија, драстично ќе ја намалат работата на транспортерите, а на удар директно ќе биде транспортниот сектор и челичната индустрија, одговори вицепремиерот Александар Николоски на пратеничко прашање на собраниската седница.

— реклама —

Тој истакна дека Владата веќе една година разговара со претставници на Европската Комисија за надминување на овој сериозен проблем, но ЕУ заесега нема слух за надминување на проблемот, не само за Македонија туку и за целиот Западен Балкан.

— реклама —

“Повеќе од една година разговараме со ЕУ, но слабо се разбираме и не наидуваме на разбирање. Последно разговарав во декември во Брисел со еврокомесарот за транспорт Цицикостас и со генералната директорка за мобилнoст и транспорт при Европската Комисија, Магда Копцинска, при што се обидов најпластично да им пренесам дека ова што го прават ќе значи смрт за економијата во регионот и ќе значи затворање на бројни странски инвестиции во регионот, а кои доаѓаат од земји членки на ЕУ.  Намерно користам регионот, бидејќи се однесува за цел Западен Балкан и не се однесува само за Македонија.  Формалниот одговор кој го даде портпаролот на ЕК за кој не се слагам е дека нема разлика меѓу она што до сега биле правила и новите правила, затоа што според него еден патник може да остане 90 дена во рамки на 180 дена во шенген зоните останува и сега.  Формално тоа е точно, но практично не е точно, од причина што превозниците не се туристи, не одат за туризам, ниту се луѓе кои одат на посета, туку се луѓе кои што работат. Истите не можат да извадат работни визи  бидејќи немаат работодавач во конкретна земја членка на ЕУ, а најчесто проблемот е тоа што само транзитираат”  истакна вицепремиерот.

— реклама —

Тој додаде дека во континуитет одржува средби со бизнис коморите, со транспортните асоцијации и странските инвеститори со цел заедничи да се изнајдат најсоодветни решенија и да апелира до ЕУ за промена на правилата. Владата го задолжила и Министерството за надворешни работи да се обрати до ЕУ за одложување на новите правила за влез.

“Проблемот е подлабок. Ова ќе влијае врз извозните компании. Теротески да го уништиме транспортниот сектор и бизнис во Македонија, не само што директно ќе влијаеме врз транспортот, мислам дека  ни ЕУ не се свесни со каков проблем се соочуваме.  Имаме уште два проблеми, а тоа е со карго сертификатите и вториот е со квотите со извоз на челик. Не може регионот од Западен Блакан да се третира како трети земји, не може за извоз на челик да сме во иста квота со Кина. Квотите кои сега ќе ги постави ЕУ на кои сериозно работат, веројатно од Кина и Индија ќе ги исполнат во првите два месеци од годината. После тоа ќе има 50 % царина и практично ќе значи нема да има увоз на челик во ЕУ затоа што е неконкурентен и тоа значи дека челичната индустрија ќе колабира. Фени се затвори, со вакви линерани политики на ЕУ можеме да заклучиме само што ќе се случува со големи производители на челик од земјава”- додаде вицепремиерот Николоски.

Најави дека Владата сериозно ќе работи на надминување на овој предизвик со цел стабилизација на транспортниот сектор во земјава и регионот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryt6351tqbamgk4xpWE8Q

Николоски: Авиокомпаниите веќе ја таргетираат Македонија како атрактивна дестинација, политиките на Владата дадода резултати, годинава планираме над 3,5 милиони патници

Македонија | пред 1 ден

media-libraryc0259ossq4c51yizE9s

Николоски: Започнуваме со реконструкција, модернизација и надградба на охридскиот аеродром, прва од неговата изградба

Македонија | пред 1 ден

Nikoloski-a-1

Николоски: Имаме цел да создадеме услови за отворање на истражувачки центри во Македонија

Македонија | пред 1 седмица

Aleksandar-Nikoloski-20.04.2023-1

Николоски: Работиме на зголемување на капацитетите и модернизирање на аеродромите

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања