Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Владејачката партија со обвинувања: Протестот на ССМ и СДС доживеа фијаско, граѓаните не наседнаа на политички сценарија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Македонија
media-library8g8r7rmpg2274TgQ2X0

ВМРО-ДПМНЕ оцени дека протестот на Сојузот на синдикати, за кој тврдат дека бил организиран и логистички поддржан од СДСМ, доживеал „целосно фијаско“ и претставувал политичка манипулација.

— реклама —

Од партијата велат дека протестот не бил автентичен синдикален израз, туку, како што наведуваат, „лошо режирана партиска претстава“.

— реклама —

„Синдикалниот протест се покажа како партиска претстава на СДС, во која ССМ послужи како параван за обидите на СДС да се врати на политичката сцена. Наместо вистински работници, присутни биле партиски активисти кои глумеа синдикалци“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Од таму додаваат дека граѓаните ги препознале, како што велат, „манипулациите“ и не дале поддршка на протестот.

„Граѓаните јасно ја препознаа политичката злоупотреба и испратија порака дека вакви сценарија повеќе не поминуваат“, се наведува во реакцијата.

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека ССМ наместо да ги штити работничките права, се ставил во функција на партиски интереси, оценувајќи дека станува збор за „политичка злоупотреба на работниците“.

Од партијата порачаа дека, како што велат, ќе продолжат со политики насочени кон зголемување на платите и подобрување на животниот стандард.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

ck-dpmne

Политичка ескалација: ВМРО-ДПМНЕ го обвини Филипче за предавство

Македонија | пред 10 часа

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви

Македонија | пред 15 часа

media-libraryn3ugtfmiffgkek0Fi1u

ВМРО-ДПМНЕ: Пи-арот на Башановиќ нема да ги спаси СДС, најголемата кампања против нив доаѓа одвнатре

Македонија | пред 15 часа

media-library345jp31ofpbidHYuLh7

Мицкоски за Филипче: „Неговите изјави се за хумор и сатира, не се распаѓа коалицијата со ЗНАМ“

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања