Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ВЛЕН ќе го подржи ДУИ во Кичево, Мицкоски со порака до Касами:Коалиции се градат со вредности, не со етнички поделби и шовинизм

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
mickoski-medziti

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премир, Христијан Мицкоски, осстро реагираше на изјавата на лидерот на коалицискиот партнер Беса од „Влен“, Билал Касами. Тој во интервју за албанската телевизија Сири најави дека во вториот круг од локалните избори во Кичево ќе го поддржат кандидатот на ДУИ, Фатмир Дехари, а не кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Јовановски кои влегова во вториот круг.

— реклама —

„Сите оние што се надеваат дека со етноцентрични теми ќе добијат нешто во политиката, нека го видат и нека научат од примерот на падот на ДУИ, ќе разберат на што мислам. Тоа е добра лекција и за други политичари на македонската политичка сцена, кои мора да разберат дека за да бидеме коалициони партенери треба да се обединиме на овие избори и да поддржиме вредности, а не да се поделиме за етнички теми и прашања, низ призмата на шовинизам и слични етнички процедурални разлики“, изјави Мицкоски, во денешното обраќање на настанот по повод Денот на македонската револуционерна борба.

— реклама —

Според Мицкоски, луѓето не треба да се третираат како контингенти гласови, туку како граѓани со свои судбини и убедувања.

— реклама —

„Ниту еден од нас нема гласови во џеб. Поддршката се гради со обединување околу вредности, а не низ призмата на етничка припадност. Во тој контекст, треба да се прифати дека поедини градоначалници станаа градоначалници поради волјата и поддршката на Македонците, која не треба да си дозволат да ја изневерат. Секој чекор има акција и реакција, а јас секогаш ќе се однесувам така како што е најдобро за граѓаните и државата“, рече Мицкоски.

Касами пак рече дека по испаѓањето на кандидатот на „Влен“ во првиот круг во Кичево, природно е албанските гласови да одат кон ДУИ, претставувајќи го тоа како национално мобилизирање, а не коалициско.

ВМРО-ДПМНЕ во Тетово не истакна свој кандидат и го подржа Касами како кандидат на „Влен“ за градоначалник во Тетово.

ВМРО-ДПМНЕ ги поддржа и кандидатите на „Влен“ во Чаир, Сарај и Струга.

„Понекогаш додека ги реализиравме овие стратешки цели крваревме како ВМРО-ДПМНЕ и поднесовме жртва. Не беше лесно, многу ми беше тешко кога ги гледам нашите сопартијци од Тетово, Гостивар, од Струга, Чаир, Дебар и за тоа плативме цена и за тоа има жртва. И ние не бараме ништо, не бараме за возврат ништо затоа што имаме цел, ние бараме почит за жртвата којашто сме ја дале за друг, не ја добивме и тоа нема да го заборавиме“, изјави Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library7gv0rr7kvesd7n3EQa3

„Партнерството со Унгарија не е формално, туку суштинско и засновано на доверба“, вели Мицкоски

Македонија | пред 4 часа

media-libraryrqak3isi1bg78Y3lWSn

Средба Мицкоски – Орбан: Фокус на економијата и инвестициите

Македонија | пред 8 часа

media-libraryu3ga0lfnq4cf3OW4Uvp

Мицкоски во Будимпешта: Средба со Орбан и бизнис форум за економска соработка

Македонија | пред 15 часа

media-library4ku6rcutg7f3atknCUL

Мицкоски од Охрид: Започна реконструкцијата и модернизација на аеродромот „Св. Апостол Павле“

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања