Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ВМРО-ДПМНЕ: Битиќи призна дека СДС нема да биде конкурентна за следните избори

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
bitiki

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека СДС секојдневно „врти иста приказна“ и шири лаги, иако, според нив, институциите постојано ги демантираат. Како пример го наведуваат тврдењето за мигрантски кампови, за кое велат дека нема договори, преговори ниту планови, што било потврдено од државни и меѓународни претставници. Посочуваат и дека Антикорупциска утврдила нема судир на интереси кај Томовски, но СДС продолжил со спинови. Тврдат дека СДС е неконсолидиран и не ќе биде конкурентен на избори.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

СДС како грамофонска плоча истата приказна ја вртат секој ден постојано фабрикуваат, шират лаги и манипулации. Грaмофонската плоча кај СДС врти, приказната им е иста во секое соопштение или прес-конференција само довербата кај народот им исчезнува, велат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„Институциите ги демантираат секој ден, ама СДС си тера по свое како грамофонска плоча што се врти и ја повторува истата приказна.

— реклама —

Венко Филипче и СДС лажеа дека никогаш не говореле за мигрантски кампови во Македонија а самиот Филипче кажа дека Македонија станува голем мигрантски камп и црна точка во Европа. Денес 4 месеци подоцна нема ниту договори, ниту преговори, ниту пак планови за отворање мигрантски кампови во Македонија. Ова беше потврдено и од највисоките државни институции, како и од меѓународни претставници. Филипче и неговите лаги беа демантирани и разобличени од претседателот на Владата, претседателот на државата, министерот за надворешни работи и британскиот амбасадор.

— реклама —

Секојдневни деманти од институциите, а СДС упорно со истите лаги. Уште една лага на СДС падна во вода, и кога Антикорупциска пресече, дека нема судир на интереси кај Томовски во случајот со фирмата Сити аутсорсинг но од СДС продолжија со спинови.

Тоа е доказ за дното каде што се СДС, трета партија  со 130 илјади гласа без консолидирани структури. Самиот Битиќи ги демантира Филипче и СДС и во емисија каде кажа дека СДС не е консолидирана. Битиќи призна дека СДС нема да биде конкурентна за следните избори.

Наместо извинување за лагите СДС продолжува да конструира приказни и измислува теми во кој никој не верува. На Македонија и е неопходна консолидирана и конструктивна опозиција која ќе биде коректор на власта а не фабрика за лаги и неодговорно однесување со намалена улога во демократските механизми“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

ck-dpmne

Политичка ескалација: ВМРО-ДПМНЕ го обвини Филипче за предавство

Македонија | пред 10 часа

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви

Македонија | пред 15 часа

media-libraryn3ugtfmiffgkek0Fi1u

ВМРО-ДПМНЕ: Пи-арот на Башановиќ нема да ги спаси СДС, најголемата кампања против нив доаѓа одвнатре

Македонија | пред 15 часа

media-library345jp31ofpbidHYuLh7

Мицкоски за Филипче: „Неговите изјави се за хумор и сатира, не се распаѓа коалицијата со ЗНАМ“

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања