Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Башановиќ бил посредник за клучни зделки во енергетиката и промената на името на државата кое Заев и Филипче го спроведоа?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Македонија
zaev-filipce-1

СДС да не молчи, време е вистината за улогата на Башановиќ да излезе на виделина. СДС не смее да бега од одговори пред македонската јавност за улогата на нивниот ПР шеф, Зоран Башановиќ, во клучни политички и економски процеси, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„Дали Башановиќ бил посредник во чувствителни политички договори, вклучително и комуникацијата меѓу Зоран Заев и тогашниот грчки премиер Алексис Ципрас околу промената на уставното име на државата?

— реклама —

Јавноста има право да знае дали Башановиќ бил инволвиран во бизнис-зделки во енергетскиот сектор и дали постојат врски со компании кои добивале значајни државни договори.

— реклама —

Дали компанијата на Колашинац “Зобек мининг гроуп” добила најскап договор со ЕСМ, затоа што фирмата „Лигниторихиа Ахлада“ која била концесионер на истоимениот рудник за ископ на јаглен била од Грција?

Фактот што Башановиќ е долгогодишен близок соработник на Заев отвора сомнежи за континуитет на истите структури и влијанија во рамки на СДС.

Јавноста очекува јасен одговор дали повторното ангажирање на Башановиќ во СДС е поврзано со некакви претходни финансиски обврски. Дали Заев му исплатил стари долгови на Башановиќ?

Дали Венко Филипче самостојно ја води партијата или е само продолжена рака на старите центри на моќ.

Молкот не е одговор. СДС има обврска транспарентно да излезе пред граѓаните и да ги расчисти сите дилеми. Граѓаните заслужуваат вистина, а не игнорирање на прашањата“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

ck-dpmne

Политичка ескалација: ВМРО-ДПМНЕ го обвини Филипче за предавство

Македонија | пред 10 часа

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви

Македонија | пред 14 часа

media-libraryn3ugtfmiffgkek0Fi1u

ВМРО-ДПМНЕ: Пи-арот на Башановиќ нема да ги спаси СДС, најголемата кампања против нив доаѓа одвнатре

Македонија | пред 15 часа

media-library345jp31ofpbidHYuLh7

Мицкоски за Филипче: „Неговите изјави се за хумор и сатира, не се распаѓа коалицијата со ЗНАМ“

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања