Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС беа тие што ја приватизираа државата, судството и институциите, беа предвесници на криминалот и корупцијата, ВМРО-ДПМНЕ сега ги гради вистинските темели на промените

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
filipce-ck-sdsm

Скопје, 28 септември 2025 – ВМРО-ДПМНЕ денеска со остра реакција на изјавите на поранешниот министер за здравство Венко Филипче, обвинувајќи го него и СДСМ за, како што велат, „целосна амнезија и лицемерие“. Од партијата посочуваат дека СДСМ се обидува да се претстави како нов политички фактор, иако владеел цели седум години и, според нив, оставил зад себе „економска и институционална пустош“.

„Филипче и СДС продолжуваат да се однесуваат како паднати од Марс. Како тие да не беа власт цели 7 години. Лажно се претставуваат пред македонскиот народ, како да првпат се појавуваат на политичката сцена“, стои во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Во својата изјава, ВМРО-ДПМНЕ го обвинува Филипче дека токму за време на неговиот мандат се случиле некои од најтрагичните и најконтроверзни настани во поновата македонска историја, вклучително и пожарот во модуларната болница во Тетово, за кој јавноста сè уште бара одговорност.

„Во времето на Владата на Филипче и СДС, народот живееше со 150 денари на ден, пензионерите беа на барикадите пред Влада, земјоделците протестираа, младите учеа од скрипти, а луѓе гореа живи во болници дизајнирани од Филипче. Корупцијата достигна рекордно ниво, а криминалците добиваа пасоши и слободно се движеа низ земјава“, велат од партијата.

— реклама —

Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека, во последните 15 месеци откако ја преземаа власта, земјата започнала да се движи во позитивна насока – со зголемување на плати и пензии, намалување на корупцијата, и инвестирање во земјоделството, младите, спортот и социјалната заштита.

„Промените се чувствуваат по само 15 месеци. Изборот е повеќе од јасен – мрачното минато на Филипче и СДС или светлата иднина на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ“, се додава во реакцијата.

Со порака „Вистинскиот избор е ВМРО-ДПМНЕ – за твојот човек, за твоето место, за твојата иднина“, партијата повторно апелира до граѓаните да не дозволат, како што велат, „враќање на оние кои веќе еднаш ја втурнаа државата во безнадежност“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryil7tasdiq4565MuomkL

Филипче: Власта да се откаже од укинување техничка Влада или СДСМ ќе се повлече од работата за Изборниот закон

Македонија | пред 1 минута

— реклама —
media-libraryovu8bgneal1r3LXwt6I

Филипче: Власта да се откаже од укинување техничка Влада или СДСМ ќе се повлече од работата за Изборниот закон

Македонија | пред 26 минути

media-librarypmuc4rg3to8mcHpc499

„Нова бомба: Зад рудникoт за антимон во Крива Паланка стојат донатори на ВМРО-ОКГ“ , вели Кузеска

Македонија | пред 1 час

vlada-2024-mickoski

СДСМ со закон: Двојно државјанство да не можат да имаат ниту министри, ниту вицепремиери – од моментов!

Македонија | пред 2 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања