Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче ширеше паника за мигранти, демантиран од британскиот амбасадор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
filipce

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека СДСМ и нејзиниот лидер Венко Филипче во изминатиот период ширеле паника во јавноста со, како што велат, „измислени теми“, меѓу кои и наводите за можен прием на мигранти од Велика Британија во Македонија.

— реклама —

Од владејачката партија велат дека ваквите тврдења биле демантирани од релевантните институции, а дополнителен демант, како што наведуваат, стигнал и од британскиот амбасадор во земјава, Метју Лосон.

— реклама —

Според ВМРО-ДПМНЕ, амбасадорот Лосон изјавил дека владата на Велика Британија нема ниту намера, ниту пак водела преговори за решение кое би подразбирало испраќање мигранти во Северна Македонија.

— реклама —

„Лосон особено нагласи дека таков договор не постои и никогаш не постоел“, се наведува во соопштението.

Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека со ова, како што велат, се разобличува „фабрикувана приказна“ на СДСМ која имала за цел да внесе страв и да ја манипулира јавноста. Партијата додава дека, според нив, опозицијата повторно се служи со методи на ширење лажни вести и дезинформации.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

ck-dpmne

Политичка ескалација: ВМРО-ДПМНЕ го обвини Филипче за предавство

Македонија | пред 10 часа

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви

Македонија | пред 15 часа

media-libraryn3ugtfmiffgkek0Fi1u

ВМРО-ДПМНЕ: Пи-арот на Башановиќ нема да ги спаси СДС, најголемата кампања против нив доаѓа одвнатре

Македонија | пред 15 часа

media-library345jp31ofpbidHYuLh7

Мицкоски за Филипче: „Неговите изјави се за хумор и сатира, не се распаѓа коалицијата со ЗНАМ“

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања