Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче во паника за да ја зачува фотелјата во СДС ја турка партијата кон бездна, СДС е под целосна контрола на Заев преку Башановиќ и Шчекиќ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 дена -

Македонија
media-libraryg9188ctes36g6QyiB6H

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека Венко Филипче, за да ја зачува позицијата во СДС, ја става партијата во служба на „туѓи интереси“ и дека Зоран Заев од сенка влијае врз кадровските решенија и насоката на партијата. Според нив, Заев преку Филипче ги поставил Башановиќ и Шчекиќ да ја водат ПР стратегијата и јавните настапи, а Филипче покажувал сервилност и зависност. Се посочуваат и „сомнителни“ средби во Ниш и Грција и се тврди дека СДС се потпира на дезинформации наместо политики, станувајќи „заробена партија“ без иднина.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Венко Филипче очајно се обидува да ја зачува својата фотелја во СДС, тоа е причината што целосно ја става СДС во функција на туѓи интереси и ја претвора во обична прокси структура под диригентската палка на Зоран Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„Заев ја има клучната улога за селекција и поставување партиски функционири во СДС, сега преку Филипче, Заев директно го постави за шеф на ПР комуникациите Башановиќ заедно со неговиот соработник Шчекиќ.

— реклама —

Башановиќ и Шчекиќ ја контролираат ПР стратегијата и јавните настапи на Филипче.

— реклама —

Венко Филипче не покажа капацитет за лидерство напротив јавноста може да виде само политичка сервилност, Филипче не покажа самостојност тука целосна зависност и потчинетост.

Филипче не само што нема капацитет да води, туку свесно ја жртвува партијата за да остане на позиција, спроведувајќи агенди што не произлегуваат од членството, ниту од граѓаните а се под водство на Башановиќ и Шчекиќ.

Сомнителните средби на Филипче надвор од државата во Ниш и Грција по насока на Заев и упорниот молк околу нив се директен показател дека клучните одлуки не се носат транспарентно, туку во затворени кругови, далеку од очите на јавноста. Ова претставува сериозен удар врз политичката транспарентност и довербата.

ПР машинеријата на СДС се сведува на ширење дезинформации, манипулации и оркестрирани клевети, што јасно покажува дека партијата нема реални политики, туку се потпира на валкани кампањи за да опстане на политичката сцена.

Некогаш сериозна политичка партија, СДС денес е симбол на погрешно раководење, изгубен правец и целосно отуѓување од граѓаните. Заев, заедно со своите наследници, ја доведе партијата до работ на политичка безначајност.

Ова не е само политичка криза во СДС туку и јасен доказ за заробена партија, управувана од сенка, без легитимитет и без иднина.

Граѓаните заслужуваат вистина, одговорност и крај на ваквите политички практики“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

ck-dpmne

Политичка ескалација: ВМРО-ДПМНЕ го обвини Филипче за предавство

Македонија | пред 10 часа

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви

Македонија | пред 15 часа

media-libraryn3ugtfmiffgkek0Fi1u

ВМРО-ДПМНЕ: Пи-арот на Башановиќ нема да ги спаси СДС, најголемата кампања против нив доаѓа одвнатре

Македонија | пред 15 часа

media-library345jp31ofpbidHYuLh7

Мицкоски за Филипче: „Неговите изјави се за хумор и сатира, не се распаѓа коалицијата со ЗНАМ“

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања