Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните три недели чекаат за операции, бидејќи не се врши санација на хируршките сали

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија

,,Власта на СДС и ДУИ го донесе македонското здравство во колапс.

— реклама —

Три недели не се врши санација на хируршките сали. Три недели пациентите чекаат за хируршка интервенција, а надлежните не само што немаат решение, туку не ги интересира што човечки животи се во прашање.

— реклама —

Додека министерството за здравство се натега, министерот Илир Демири држи прес конференции и се препукува со директорот на Кардиохирургија, заменичката министерка Маја Манолева прославува роденден, граѓаните чекаат да се најде решение.

— реклама —

Пациентите чекаат и стравуваат за сопствените животи, а Демири и Манолева си прават роденденски журки во Министерството за здравство.

Власта во заминување го пробуши дното. Здравството во Македонија колабира.

За санирање на проблемот односно да се направи компресорот во хируршките сали потребни се околу 120.000 евра, но очигледно од ова немаат екстра заработувачка па не сакаат да го решат.

Наместо хируршки интервенции да се вршат во Клиничкиот центар, граѓаните се препраќаат во други здравствени установи сами да се снаоѓаат, како знаат и како умеат.

Ова е скандал од невидени размери. Човечкиот живот нема цена.

Со ова власта во заминување уште еднаш докажа и покажа дека не им се важни проблемите на граѓаните.

Ветуваа европско здравство, ветуваа модернизација на здравство, а донесоа тотален хаос.

Но, добро е што ова заврши. За многу брзо од денеска ќе се случат сериозни реформи и проекти во здравството.

Здравствениот систем бара итен и целосен рестарт. Граѓаните мора да се безбедни и сигурни дека ќе имаат добра и соодветна здравствена и медицинска услуга.”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

ck-dpmne

Политичка ескалација: ВМРО-ДПМНЕ го обвини Филипче за предавство

Македонија | пред 17 часа

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви

Македонија | пред 22 часа

media-libraryn3ugtfmiffgkek0Fi1u

ВМРО-ДПМНЕ: Пи-арот на Башановиќ нема да ги спаси СДС, најголемата кампања против нив доаѓа одвнатре

Македонија | пред 22 часа

media-library345jp31ofpbidHYuLh7

Мицкоски за Филипче: „Неговите изјави се за хумор и сатира, не се распаѓа коалицијата со ЗНАМ“

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања