Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ВМРО-ДПМНЕ: Колку повеќе спинови пласира СДС толку поочигледна е нивната политичка слабост и немоќ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
media-libraryn3ugtfmiffgkek0Fi1u

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека СДС е во политичка и ПР конфузија, тоне во лаги и манипулации и ја губи довербата на граѓаните. Според нив, СДС и Венко Филипче ширеле невистини за мигранти и кампови, биле демантирани од институции и британскиот амбасадор, но продолжиле со спинови и контрадикторни пораки. ВМРО-ДПМНЕ оценува дека СДС нема стратегија и визија, ја деградира јавната дебата и наместо тоа на државата ѝ треба конструктивна опозиција со проекти.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

СДС е изгубен во сопствениот ПР и секојдневно ја губи довербата на граѓаните. Политичката криза во СДС се продлабочува дополнително и со ПР конфузијата која владее во партијата. СДС тоне во сопствениот ПР на лаги, манипулации и деструкција што дополнително допринесува за падот на довербата кај граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„СДС и Филипче се обидоа да стекнат политички поен плус ширејќи лаги за наводни мигранти во Македонија но беа демантирани од сите релевантни институции. Филипче и СДС беа демантирани и од британскиот амбасадор, но сепак продолжија со лагите и измислиците.

— реклама —

Венко Филипче и СДС лажеа дека никогаш не говореле за мигрантски кампови во Македонија, а самиот Филипче кажа дека Македонија станува голем мигрантски камп и црна точка во Европа.

— реклама —

Колку повеќе спинови пласира СДС толку поочигледна е нивната политичка слабост и немоќ. СДС нема стратегија ниту за партијата, ниту пак за државата. СДС на чело со Филипче, а под менторство на Заев се сведе на трета партија во државата на ниво од 130.000 гласа.

СДС и Филипче имаат конзистентна пракса на креирање спинови, испраќаат контрадикторни пораки каде меѓусебно партиските функционери се демантираат, во отсуство на аргументи извртуваат факти или пак селективно ги презентираат и на тој начин ја деградираат јавната дебата во државата.

Наместо да се извинат на граѓаните СДС и Филипче шират лаги и ја трујат јавната дебата предводени од српските ПР агенции на чело со Башановиќ.

На Македонија и е потребна конструктивна опозиција со конкретна визија и проекти, а не партија која шири страв и сее паника“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

ck-dpmne

Политичка ескалација: ВМРО-ДПМНЕ го обвини Филипче за предавство

Македонија | пред 10 часа

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви

Македонија | пред 15 часа

media-libraryn3ugtfmiffgkek0Fi1u

ВМРО-ДПМНЕ: Пи-арот на Башановиќ нема да ги спаси СДС, најголемата кампања против нив доаѓа одвнатре

Македонија | пред 15 часа

media-library345jp31ofpbidHYuLh7

Мицкоски за Филипче: „Неговите изјави се за хумор и сатира, не се распаѓа коалицијата со ЗНАМ“

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања