Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ВМРО-ДПМНЕ: Лејла Кадриу била суспендирана за да не заврши половина влада во затвор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-library18lm8v5fbjno0U8M4mD

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека поранешната обвинителка Лејла Кадриу била суспендирана во време на владеењето на СДСМ, со цел, како што наведуваат, да не се отвори простор за кривична одговорност на високи владини функционери во врска со пожарот во модуларната болница во Тетово.

— реклама —

Од партијата тврдат дека ексминистерот за здравство Венко Филипче и поранешниот премиер Зоран Заев носеле одлуки со кои ги заобиколувале процедурите при поставувањето на модуларните болници. Според нив, објектите биле третирани како урбана опрема по итна постапка, со што биле олеснети процедурите и одобрувањето било концентрирано во Министерството за здравство.

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ се повикува на наводи од Кадриу дека биле користени несоодветни материјали и дека немало соодветен елаборат за електрична инсталација, што, според неа, придонело за трагичниот исход во кој загинаа 14 лица. Дополнително, се отвораат прашања за висината и намената на средствата за изградба на модуларните болници.

— реклама —

Партијата наведува дека клучен момент за суспензијата на Кадриу бил нејзиниот предлог за градежно вештачење, по што, според нив, била отстранета од предметот. Тврдат дека доколку истрагата продолжела без притисоци, одговорноста можела да допре до највисоките владини структури.

Од ВМРО-ДПМНЕ бараат темелна, независна и непристрасна истрага, целосно расчистување на сите сомнежи и утврдување институционална одговорност за трагедијата што ја потресе државата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

ck-dpmne

Политичка ескалација: ВМРО-ДПМНЕ го обвини Филипче за предавство

Македонија | пред 10 часа

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви

Македонија | пред 15 часа

media-libraryn3ugtfmiffgkek0Fi1u

ВМРО-ДПМНЕ: Пи-арот на Башановиќ нема да ги спаси СДС, најголемата кампања против нив доаѓа одвнатре

Македонија | пред 15 часа

media-library345jp31ofpbidHYuLh7

Мицкоски за Филипче: „Неговите изјави се за хумор и сатира, не се распаѓа коалицијата со ЗНАМ“

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања