Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ВМРО-ДПМНЕ: Левица и Апасиев аскетизмот го замениле со хедонизам

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Македонија
vmro_dpmne

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека Димитар Апасиев и Левица се демаскирани, нивните лаги и манипулации излегуваат на површина. Аскетизмот, велат, ако воопшто некогаш го имале, го замениле со хедонизам.

— реклама —

„Левица и Апасиев кои што декларативно, само за собирање на политички поени, беа против извршителите, сега, на дело, се соработници и од нив купуваат имот одземен од македонски граѓани или фирми”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„Тие се фатени живи во сомнителна зделка на деценијата, во која конфискуван имот од извршител во центарот на Скопје го купиле за три пати пониска цена од пазарната. Само Димитар Апасиев и Левица можат да купат преку извршител одземен имот од некој граѓанин или фирма кои не можеле да го враќаат кредитот и тоа по багателна цела. Освен ова, уште поспорен е и ставот на Левица дека извршителот немал ништо со купопродажните преговорите, туку дека тие се договориле со банката и објектот го земале со хипотекарен кредит. Оттука, легитимно се покренуваат дилеми и се поставуваат прашањата за евентуални договори под маса на сите засегнати страни, Левица и Апасиев, банката и извршителот. Како на пример, ако договарале со банката, како истите ја постигнале таа цена, кога во овој дел од градот, односно централното градско подрачје, цената за метар квадратен е за три пати повисока? Дали има некој скриен договор или друга услуга која не е заведена во договорот?

— реклама —

Додека Апасиев и Левица купуваат одземен имот за три пати пониска цена од пазарната од извршители, кои конфискуваат имоти од граѓани во финансиски потешкотии, граѓаните ја немаат таа среќа да се договорат со некоја банка ниту за приближно таква ниска цена. За сето ова јавноста очекува и заслужува одговори, а надлежните органи треба да покренат сеопфатна истрага во која темелно ќе го истражат случајот“, велат од партијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryp2dfqniqeossffhhmkH

ВМРО-ДПМНЕ со тешки обвинувања кон поранешни обвинители, меѓу кои и Ристоска: „Нека размислат дали треба да одговараат“

Македонија | пред 59 минути

ck-dpmne

ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања за врски меѓу Заев и Давидовиќ-Дака

Македонија | пред 1 час

media-libraryfqq873h494sv0GNLK6o

Манасиевски: Филипче со 3,6% рејтинг, СДС на раб на статистичка грешка

Македонија | пред 8 часа

15102021_PVRSM_Zaev_poseta_TEC_Oslomej-3

СДСМ: „Лудилото нема крај – Заев работи за ВМРО?“

Македонија | пред 9 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања