Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија со убедливо најниски цени на горивата, со навремена и прецизна интервенција се прекина трендот на раст на цените

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 дена -

Македонија
benzinska-benzin-nafta-

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека приоритет е заштита на стандардот и дека со навремени мерки е спречен ценовен шок кај горивата. Како клучна мерка се наведува намалување на ДДВ за нафтени деривати од 18 на 10%, со што цените се стабилизирале: бензините останале исти, а дизелот поскапел 3,5 денари наместо очекувани 10,5. Тврдат дека цените се намалиле 6,5–7 денари/л и дека заштедата е над 200.000 денари дневно, околу 1,5 милиони евра неделно, со ефект и врз храна и услуги.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Приоритет и најголем интерес на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува одржувањето на стандардот на граѓаните. За таа цел, со вистински и навремени мерки, спречен ценовниот шок кај горивата, велат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„Со одлука на Владата за намалување на ДДВ-то на нафтените деривати од 18 на 10% се спречи поскапување на горивата и се постигна нивната стабилизација.

— реклама —

Додека регионот се соочува со енормни поскапувања, во Македонија бензините остануваат со иста цена, додека цената на дизелот се зголемува само за 3,5 денари наспроти очекувањата дека ќе поскапи за 10,5 денари по литар.

— реклама —

Со намалување на ДДВ за горивата дирекно се интервенираше во намалувањето и стабилизирањето на цените, со што цените на нафтените деривати се намалија од 6,5 до седум денари за литар гориво.

Според пресметките дневната заштеда за граѓаните е повеќе од 200.000 денари, додека на неделно ниво заштедата е приближно 1,5 милиони евра. Со ова, се потврдува дека навремената и прецизна интервенција на државата го прекина трендот на раст на цените, кој во спротивно ќе значеше поскапување за граѓаните и стопанството.

Во услови на силен раст на цените на светските пазари, со оваа интервентна мерка на Владата за намалување на ДДВ-то се прекинува синџирот на поскапувањата, од горивата до храна и услуги.

Македонија останува со убедливо најниски цени на горивата од земјите од регионот и меѓу ретките земји од регионот коишто директно од буџетот го одржува и се грижи за стандардот на граѓаните“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

ck-dpmne

Политичка ескалација: ВМРО-ДПМНЕ го обвини Филипче за предавство

Македонија | пред 9 часа

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви

Македонија | пред 13 часа

media-libraryn3ugtfmiffgkek0Fi1u

ВМРО-ДПМНЕ: Пи-арот на Башановиќ нема да ги спаси СДС, најголемата кампања против нив доаѓа одвнатре

Македонија | пред 14 часа

media-library345jp31ofpbidHYuLh7

Мицкоски за Филипче: „Неговите изјави се за хумор и сатира, не се распаѓа коалицијата со ЗНАМ“

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања