„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...

ВМРО-ДПМНЕ: Месечно амбасадата Германија издава над 1500 визи, а баратели се главно млади луѓе

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

Црнила ја завија државата откако СДСМ е на власт. СДСМ ветуваше враќање на иселените, а две години откако се на власт иселувањето се зголемува, а на државата и се случува тивок егзодус поради неспособноста, расипништвото и лошата економска политика на картелот на власт, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Младите повеќе не гледаат услови за живот во Република Македонија.

— реклама —

Месечно амбасадата на Сојузна Република Германија издава над 1500 визи, додека амбасадата на Швајцарија од 500 - 700. Бројката е слична и за другите европски држави, а баратели се главно млади луѓе. Голем дел од нив се висококвалификувани кои одлучуваат трајно да се иселат од државата.

— реклама —

Црнилата кои ги предизвика оваа власт само за првите 10 месеци од годинава резултираа со 77 отпишани ученици од штипските основни и средни училиште, а како основа е наведено трајно иселување од државата. За истиот период од кочанските училишта се  испишани 20 ученици. Бројките за жал се слични и во другите градови низ државата, без разлика на регионот, источен или западен“, велат од партијата.

— реклама —

Според нив, економијата континуирано тоне. Граѓаните, занаетчиите и бизнисмените се се погласни. Работа нема, бизнисот е катастрофа , а просперираат само бизнисите на власта, додека народот едвај врзува крај со крај.

„Зацрнетата  економија е пропратена со црнила во сите сегменти од општеството, како здравството, земјоделието, образованието, безбедноста, правосудниот систем. СДСМ целосно ја зацрни државата и ја украде надежта на граѓаните дека во Република Македонија можат да живеат, работат и основаат семејства. Овој тренд не смееме да дозволиме да продолжи. Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ организира протестни маршови ширум државата. Ги повикуваме сите граѓани кои се незадоволни од оваа ненародна власт да ни се приклучат  на денешниот протестен марш во Велес со почеток од 13 часот“, се вели во соопштението.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања