Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ВМРО-ДПМНЕ му возврати на Филипче: Совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини не ни требаат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
ck-dpmne

ВМРО-ДПМНЕ остро реагираше на предлозите на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, за економски мерки поради растот на цените на горивата, оценувајќи дека тој нема кредибилитет да дава совети за управување со кризи.

— реклама —

Од партијата велат дека Филипче, како поранешен министер за здравство во време на ковид-кризата, наместо да се фокусира на набавка на заштитна опрема, договарал провизии за вакцини.

— реклама —

„Експертот за кризи, хирургот на Заев, Филипче, човекот кој во време на ковид кризата, наместо набавка на ракавици, каљачи, маски и така натаму, договараше провизии за вакцини, нема кредибилитет да дели совети како треба да се постапи“, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Од владејачката партија додаваат дека Владата работи на справување со последиците од кризата, без тоа, како што велат, да се најавува помпезно во јавноста.

„Изгледа Венко живее во некој свој свет, во којшто е само тој со Заев, Башановиќ и уште двајца-тројца, па нема кој да му каже дека Владата си ја врши својата работа без тоа да биде помпезно најавувано во јавноста, како во нивно време“, стои во реакцијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека дел од мерките кои Филипче ги предлага веќе биле разгледувани како можни чекори за ублажување на ефектите од евентуалната економска криза.

„Филипче и СДС нека не се грижат, не одиме по нивните стапки. Совети од експерт за крадење во време на кризи, не бараме“, додаваат од партијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

ck-dpmne

Политичка ескалација: ВМРО-ДПМНЕ го обвини Филипче за предавство

Македонија | пред 10 часа

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви

Македонија | пред 15 часа

media-libraryn3ugtfmiffgkek0Fi1u

ВМРО-ДПМНЕ: Пи-арот на Башановиќ нема да ги спаси СДС, најголемата кампања против нив доаѓа одвнатре

Македонија | пред 15 часа

media-library345jp31ofpbidHYuLh7

Мицкоски за Филипче: „Неговите изјави се за хумор и сатира, не се распаѓа коалицијата со ЗНАМ“

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања