Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ВМРО-ДПМНЕ не се грижи за животната средина и здравјето на граѓаните, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Screenshot-2025-01-08-at-22.48.26

„На првата надзорна расправа „Ефекти од аерозагадувањето во Скопје и во другите градови врз здравјето на луѓето и мерките што се преземаат за заштита на јавното здравје“ ДПМНЕ ја покажа вистинската вистина, или новото нормално – дека воопшто не се грижат за животната средина и здравјето на граѓаните. Лицемерието го покажаа и ВЛЕН и ЗНАМ кои исто така не ја удостоија расправата барем со по еден свој претставник. Владејачкото мнозинство ја бојкотираше дебатата за еден од најгорливите проблеми на граѓаните. Покажаа дека не се одговорни за ништо“ вели СДСМ во соопштение и додава:

— реклама —

Поканети беа премиерот Мицковски и министрите Меџити и Божиновска, како и градоначалниците на Град Скопје, Кисела Вода, Карпош и Шуто Оризари. Никој не се појави.

— реклама —

На расправата присуствуваа пратениците на СДСМ и Левица, и гости, пред се од невладиниот и научниот сектор и само еден претставник од државната администрацијата, кои беа конструктивни и отворија ред прашања и дискусии кои на јавноста и ги предочија проблемите со кои се соочуваме со аерозагадувањето, но и начините за надминување на истите.

— реклама —

Во македонското собрание се отвори конструктивен дијалог чија цел беше да се подигне на повисоко ниво и политичката култура во државата за еден од најголемите проблеми со кој денес се соочуваме – загадувањето на воздухот.

Аерозагадувањето не е прашање на политика или партии, и не прави разлика по ниеден основ. Загадениот воздух го дишат сите, а најзагрозени се децата, хронично болните и најранливите категории. Загадениот воздух е директна закана по квалитетот на животот на секој граѓанин во државата и бара брзи мерки за надминување на состојбите, но и долгорочно системско решение кое ќе ни помогне да ги надминеме сегашните состојби. Потребна ни се инвестиции во обновливи извори на енергија, итно решавање на проблемите со отпадот, постојана замена на нееколошките системи во јавните објекти и домовите, намалување на загадувањето од индустријата. И на централно и на локално ниво.

Секој граѓанин има право на чист воздух, а власта има обврска истото да им го обезбеди. Потребни се одлуки кои ќе донесат позитивна промена, а оваа власт очигледно за тоа не е способна.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryet16s6jn6mqrdKXXpd4

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

Македонија | пред 6 часа

media-libraryjh5focvnr7dv3FbX14S

СДСМ: Со Мицкоски Македонија е на колена

Македонија | пред 8 часа

media-library84bfav7rmsp6d6Z9MXi

СДСМ: Мицкоски е „прокси руски играч“ – обвинувања за врски со Москва

Македонија | пред 1 ден

media-librarydfsnh8fo9kgp56JNiBc

Власта вклучува фирма од „црната листа“ на САД во енергетски бизнис, вели Димитријевиќ

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања