Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ВМРО-ДПМНЕ: Обидите за манипулација на работниците се прочитани, на СДС и ССМ веќе никој не им верува, ја губат и онака малата поддршка од граѓаните

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Македонија
Screenshot-2025-03-06-at-16.36.30

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека ССМ и СДС ја манипулирале јавноста и работниците, и дека на протестот наместо работници имало партиски функционери на СДС. Тврдат дека организацијата и логистиката биле водени од општински структури на СДС, а одѕивот бил слаб, со „празни автобуси“. Според партијата, раководството на ССМ, предводено од Слободан Трендафилов, работи во интерес на СДС наместо за работничките права и има цел да ѝ наштети на Владата. ВМРО-ДПМНЕ додава дека тие остануваат „вистински партнер“ на работниците преку мерки за повисоки плати и подобар стандард.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Манипулациите на работниците не поминуваат, на ССМ и СДС веќе никој не им верува. Од ден на ден се повеќе ја губат и онаа мала поддршка што ја имаа од граѓаните. Тоа се виде на дебаклот од изминатиот викенд, каде на протестот на ССМ, наместо да има вистински работници, имаше само партиски челници на СДС кои со маици со логото на партијата беа во првите редови, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Целата организација и логистика на таканаречениот синдикален протест, беше во рацете на лица од општинските организации на СДС. Но на крајот и ССМ и СДС доживеаја фијаско и автобусите до Скопје патуваа празни.

Тоа е јасен доказ дека СДС и ССМ се прочитани и дека дури ни нивните членови не им веруваат. Исто така, се докажа дека работникот не го поддржува овој политички театар на ССМ во координација со СДС.

Ова ССМ на чело со Слободан Трендафилов, свесно се стави во служба за заштита на интересите на СДС, а не во заштита на правата на работниците.

Неколкумината во врвот на ССМ со трендафилов на чело, работат директно во интерес на СДС и нивните политики, а нивната крајна цел е да им наштетат на Владата, која посветено работи и дава максимални напори за да овозможи подобри услови и повисоки плати за сите.

Меѓу ССМ и СДС нема разлика и затоа, се повеќе вистинските работници кои се членови на синдикатот, се прашуваат дали се дел од синдикално здружување или пак од политичката партија.

Но тоа што многу добро работниците го знаат е дека и СДС и ССМ не работат во нивен интерес и не ги штитат нивните права.

Вистинскиот партнер на работникот и на сите граѓани, останува ВМРО-ДПМНЕ, што со конкретни мерки и политики го подобрува животниот стандард, во континуитет ги зголемува платите и ја зацврстува економијата“, се вели во соопштението.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

ck-dpmne

Политичка ескалација: ВМРО-ДПМНЕ го обвини Филипче за предавство

Македонија | пред 10 часа

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви

Македонија | пред 14 часа

media-libraryn3ugtfmiffgkek0Fi1u

ВМРО-ДПМНЕ: Пи-арот на Башановиќ нема да ги спаси СДС, најголемата кампања против нив доаѓа одвнатре

Македонија | пред 15 часа

media-library345jp31ofpbidHYuLh7

Мицкоски за Филипче: „Неговите изјави се за хумор и сатира, не се распаѓа коалицијата со ЗНАМ“

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања