Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека СДСМ го злоупотребува случајот со починатото новороденче за политички поени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
klinika-za-ginekologija

ВМРО-ДПМНЕ денеска реагираше на изјавите од СДСМ поврзани со случајот на починатото новороденче на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство, обвинувајќи ја опозицијата за, како што велат, политичка злоупотреба на трагичниот настан.

— реклама —

Во соопштението се наведува дека СДСМ „се однесуваат како хиени“ и дека, според ВМРО-ДПМНЕ, партијата се радува на „тажна судбина“ со цел да добие дневнополитички поени.

— реклама —

„Она што е јасно како бел ден е дека сите неопходни протоколи се преземени и сите надлежни институции се известени“, стои во реакцијата. Од партијата додаваат дека доколку биде утврдена каква било човечка грешка, одговорните ќе бидат санкционирани.

— реклама —

Во соопштението ВМРО-ДПМНЕ истакнува дека „нема да биде сокриен никој“ и дека случајот нема да се заташка, како што, според нив, се случувало „во времето кога Филипче беше министер за здравство“.

„Тоа е важната разлика помеѓу оваа и претходната влада. Не е во ничиј интерес да се сокрие било што“, се наведува понатаму.

Партијата оцени дека, наместо да изрази сочувство до семејството, СДСМ „прави политика од смртта на новороденчето“, што го нарекуваат „за секаква осуда“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

655-402-bebe

Тетка во британска градинка со нога притискала едногодишно дете за да го успие

Свет | пред 5 дена

media-librarye999gecqmotk5tWKxJ9

(Видео) Бебе преживеа пад од 33-ти кат во Санкт Петербург

Свет | пред 1 месец

655-402-bebe

Десетмесечно бебе почина во Италија откако таткото ненамерно го притиснал додека спиеле заедно

Свет | пред 1 месец

bebe

Починато новороденче донесено во тетовската болница

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања