Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ВМРО-ДПМНЕ обвинува за политички прогон и монтирани случаи во време на СДС и ДУИ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryt73vp3jp96ab3vWPj34

ВМРО-ДПМНЕ обвини за политички прогон на поранешни функционери и за, како што наведува, злоупотреба на институциите во периодот на владеење на СДСМ и ДУИ.

— реклама —

Од партијата тврдат дека тој период бил одбележан со политички монтирани случаи, кои, според нив, се спроведувале преку обвинителството и судството, наместо врз основа на правото. Во соопштението се наведува дека одлуки се носеле по политичка нарачка, а оние што одбивале да постапуваат на таков начин биле разрешувани.

— реклама —

Како пример се посочува поранешниот судија на Врховниот суд, Ристо Катевеновски, кој во интервју изјави дека бил разрешен откако одбил да даде позитивно мислење за предмет поврзан со поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска. Според неговите тврдења, не постоела правна основа за поинакво постапување, а разрешувањето следувало по неговото одбивање.

— реклама —

Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека овие наводи ја доведуваат во прашање независноста на судството во тој период и упатуваат на системски притисоци врз носителите на правосудни функции.

Партијата бара сеопфатен и суштински реформски процес во правосудството, со цел враќање на довербата на граѓаните, обезбедување владеење на правото и гарантирање еднаквост пред законите, нагласувајќи дека, како што велат, одговорност мора да има.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

ck-dpmne

Политичка ескалација: ВМРО-ДПМНЕ го обвини Филипче за предавство

Македонија | пред 10 часа

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви

Македонија | пред 15 часа

media-libraryn3ugtfmiffgkek0Fi1u

ВМРО-ДПМНЕ: Пи-арот на Башановиќ нема да ги спаси СДС, најголемата кампања против нив доаѓа одвнатре

Македонија | пред 15 часа

media-library345jp31ofpbidHYuLh7

Мицкоски за Филипче: „Неговите изјави се за хумор и сатира, не се распаѓа коалицијата со ЗНАМ“

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања