Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ВМРО-ДПМНЕ: Откриваме кој стои зад фалименто соопштенијата на СДС, кој го најмил и поврзаноста со Заев, Филипче и Србија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Македонија
zaev-filipce-1

— реклама —

Македонската јавност, извесен период е сведок на целосната безидејност и конфузност на СДС. Во изминатите неколку месеци јавноста и медиумите секојдневно беа „бомбардирани“ со по десетина соопштенија и по неколку прес-конференции од СДС, вели ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„Заедничко за сите нив е тоа, сите до едно се бесцелни, конфузни, нејасни, кои повеќе одговараат на политиката и политичките случувања во соседство отколку што се однесуваат на прашања значајни за нашата држава.

— реклама —

Празните соопштенијата и прес-конференциите на СДС, наместо на стандарден македонски јазик, беа полни со српски фрази.

Исто така, во своите писанија, СДС одеа до таму секој ден да пишуваат и зборуваат за соседната земја Србија, до толку да човек помисли дека таму се опозиција, а не во Македонија.

И сето тоа не е случајност, туку станува збор за неспособноста на СДС и безидејноста на нивниот прес-центар, за што и ние веќе извесно време констатираме и јавно кажуваме дека зад него стои српскиот државјанин, Зоран Башановиќ, човек близок до Зоран Заев.

Во следниот период ќе објавиме кој точно е Башановиќ, со што се занимавал, која е неговата поврзаност со Заев, а со тоа и со Филипче, откриваме кој стои зад соопштенијата на СДС и кој го најмил.

Следува целата вистина за фалименто соопштенијата на СДС“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

ck-dpmne

Политичка ескалација: ВМРО-ДПМНЕ го обвини Филипче за предавство

Македонија | пред 10 часа

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви

Македонија | пред 14 часа

media-libraryn3ugtfmiffgkek0Fi1u

ВМРО-ДПМНЕ: Пи-арот на Башановиќ нема да ги спаси СДС, најголемата кампања против нив доаѓа одвнатре

Македонија | пред 15 часа

media-library345jp31ofpbidHYuLh7

Мицкоски за Филипче: „Неговите изјави се за хумор и сатира, не се распаѓа коалицијата со ЗНАМ“

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања