Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ВМРО-ДПМНЕ: Послушноста на Филипче кон Заев и фалименто соопштенијата на ПР-от на Башановиќ, го донесоа СДС до историски најслабиот рејтинг

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
media-libraryg9188ctes36g6QyiB6H

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека СДСМ и Венко Филипче имаат историски најниска доверба, наведувајќи рејтинзи од 4,9% за партијата и 3,6% за Филипче, што го припишуваат на лош ПР и навредливи настапи. Според нив, СДСМ со месеци најавувал пад на поддршката за ВМРО-ДПМНЕ, но последната анкета, како што велат, го демантира тоа и најавуваат дека СДСМ може да освои и под 100.000 гласови. Во соопштението се обвинува раководството на СДСМ за зависност од Зоран Заев и кадровски избори поврзани со него, додека ВМРО-ДПМНЕ наведува дека останува со највисока доверба од 24% поради реализирани проекти и ветувања.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

СДС и Венко Филипче со историски најниска доверба од граѓаните. Лошиот ПР, небулозните и клеветнички соопштенија и прес-конференции, полни со навреди и непристоен речник, СДС и Венко Филипче ги донесе до рејтинг од 4,9% и 3,6%, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„Сепак, Филипче, не е загрижен за неговиот и на СДС лош рејтинг кој од анкета до анкета, во континуитет се топи, и што целосно потфрлија фалименто соопштенијата напишани од новиот партиски ПР шеф, Башановиќ, затоа што целосно живее во свој паралелен универзум.

— реклама —

Со месеци ги слушавме СДС и Филипче како, по којзнае кој пат, ги лажеа граѓаните како новите анкети ќе покажат дека поддршката на ВМРО-ДПМНЕ од граѓаните паѓа, додека, пак, кон СДС се зголемувала.

— реклама —

И тоа со месеци го повторуваа на лажните прес-конференции и по јавните настапи.

Но, последното истражување на јавното мислење откри уште една лага на СДС, со што повеќе од јасно е дека на следните избори оваа партија на чело со Филипче, ќе се соочи со многу лош резултат, од оној од последните изборни циклуси.

Тоа значи, дека нема да биде изненадување за никој доколку СДС на следните избори освојат и помалку од 100.000 гласови. Тоа го покажуваат и резултатите од последната анкета.

Тоа што е позагрижувачки, е што на Бихаќка никако да им дојде памет дека треба да ги променат политиките и да ги променат новите ПР шефови Башановиќ и Шчекиќ, луѓе кои по насока на Заев се таму и го уништуваат СДС.

А, тој што свесно го дозволува уништувањето на СДС, е токму Венко Филипче кој тоа го прави по насока и целосна послушност кон Зоран Заев.

Послушноста на Филипче кон Заев се гледа и по што негови луѓе се дел од таканаречените нови партиски структури, меѓу кои е и Стојан Коциров кој до пред само некоја година како директор ја водеше фирмата блиска до семејството Заеви, поточно Вице Заев, Сара Инженеринг ДОО Струмица.

Се поизвесно е дека СДС ќе продолжи да тоне со ова раководство предводено од Венко Филипче, кое нема намера ниту да спроведе внатрепартиска кадровска реформа, ниту, пак, да се огради од Зоран Заев.

Партија со највисока доверба кај граѓаните од 24% и понатаму продолжува да биде ВМРО-ДПМНЕ, што е резултат на досегашната работа, реализирани проекти и исполнети ветувања.

Граѓаните добро знаат да направат разлика и токму затоа, продолжуваме со исто темпо на работа, нови проекти и успешни мерки за сите граѓани“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

ck-dpmne

Политичка ескалација: ВМРО-ДПМНЕ го обвини Филипче за предавство

Македонија | пред 21 час

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви

Македонија | пред 1 ден

media-libraryn3ugtfmiffgkek0Fi1u

ВМРО-ДПМНЕ: Пи-арот на Башановиќ нема да ги спаси СДС, најголемата кампања против нив доаѓа одвнатре

Македонија | пред 1 ден

media-library345jp31ofpbidHYuLh7

Мицкоски за Филипче: „Неговите изјави се за хумор и сатира, не се распаѓа коалицијата со ЗНАМ“

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања