Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ВМРО-ДПМНЕ: Пропадна обидот на СДС да креира хистерија, Филипче ширеше паника за мигранти но реалноста го демантира 

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
media-library2aklf6fc9vip4HnYB5U

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека СДСМ, предводен од Венко Филипче и Зоран Заев, шири лаги и паника за да ја дефокусира јавноста од сопствените неуспеси. Тврдат дека СДСМ со месеци пласирал невистини за наводни договори за мигрантски кампови во Македонија. Според ВМРО-ДПМНЕ, четири месеци подоцна нема ниту договори ниту планови, што било потврдено од државни институции и меѓународни претставници. Бараат СДСМ да се извини и да одговара за, како што велат, манипулациите.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

СДС на чело со Филипче и Заев имаат една единствена стратегија а тоа се ширење лаги, паника и манипулации со цел да се дефокусира јавноста од неуспесите на СДС и политичкиот хаос во кој се наоѓаат, велат од владејчката ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„СДС и Филипче со месеци наназад пласираа невистини дека наводно се подготвуваат договори за отворање мигрантски кампови во Република Македонија и дека државата ќе стане место за мигранти во Европа. Со таквите неодговорни изјави СДС свесно се обидуваа да создадат страв и несигурност кај граѓаните.

— реклама —

Денес, скоро 4 месеци подоцна нема ниту договори, ниту преговори, ниту пак планови за отворање мигрантски кампови во Македонија. Ова беше потврдено и од највисоките државни институции, како и од меѓународни претставници. Филипче и неговите лаги беа демантирани и разобличени од претседателот на Владата,  претседателот на државата, министерот за надворешни работи и британскиот амбасадор.

— реклама —

СДС и Венко Филипче уште еднаш се фатени во лага. Наместо да се извинат на граѓаните за ширењето паника, тие продолжуваат со истата деструктивна политика, да измислуваат теми, да шират страв и да ја трујат јавната дебата предводени од српските пр агенции на Башановиќ.

ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи Македонија повторно да биде жртва на неодговорните политики и лажни наративи на СДС какви што гледавме во минатото.  Приоритет на ВМРО-ДПМНЕ останува стабилноста, безбедноста и заштитата на националните интереси.

Граѓаните заслужуваат вистина, а не лаги. Заслужуваат одговорна политика, а не политичари кои за ситни политички поени се подготвени да ја вознемируваат целата јавност.

Затоа СДС и Венко Филипче треба да одговорат пред граѓаните за лагите што со месеци ги пласираа. Македонија нема да биде заложник на СДС, на нивната политика на манипулации и деструкција“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

ck-dpmne

Политичка ескалација: ВМРО-ДПМНЕ го обвини Филипче за предавство

Македонија | пред 10 часа

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви

Македонија | пред 15 часа

media-libraryn3ugtfmiffgkek0Fi1u

ВМРО-ДПМНЕ: Пи-арот на Башановиќ нема да ги спаси СДС, најголемата кампања против нив доаѓа одвнатре

Македонија | пред 15 часа

media-library345jp31ofpbidHYuLh7

Мицкоски за Филипче: „Неговите изјави се за хумор и сатира, не се распаѓа коалицијата со ЗНАМ“

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања