Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ВМРО-ДПМНЕ: Пустош, уништени рудници, и празни акумулации оставија СДС во РЕК Битола, немаат легитимитет да говорат за енергетиката

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
media-libraryorjahdqd0hr98Nks2Md
Скопје1.мк

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека СДС оставил „пустош“ во РЕК Битола и Осломеј, уништени рудници и запуштена механизација, со што била загрозена стабилноста на енергетскиот систем и државата станала зависна од увозен јаглен. Според нив, ЕСМ била преземена во тешка финансиска состојба: производствена цена 140 €/MWh, загуби над 130 милиони евра и доспеани обврски над 80 милиони. Обвинуваат дека СДС лажно прикажувал добивка преку владини средства. Наводат дека се поднесени пријави за раководствата (2017–2024) и дека СДС не изградил ниту еден нов производствен капацитет.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Пустош во РЕК Битола, девастација на РЕК Осломеј, уништени рудници, запуштена рударска механизација и празни акумулации, беше наследството од СДС. При преземањето на компанијата, ЕСМ е затекната во исклучително тешка финансиска состојба со производствена цена од 140 евра за мегават-час, загуби од повеќе од 130 милиони евра и доспеани, неплатени обврски кон деловни партнери над 80 милиони евра, велат од ВМРО-ДПМНЕ во реакција на соопштението на СДСМ,

— реклама —

„Се уште се расфрлаат со пофалби дека успешно менаџирале и работеле со добивка, која всушност е целосна лага. Средствата што ги добивале од Владата ги прикажувале како приход на компанијата, а всушност работеле со огромни загуби. Ова е реалната слика што ја оставија претходниците кои директно ја загрозија стабилноста на целиот енергетски систем и како држава станавме зависни од увозен јаглен. Таквата девастација на стратешки најважната компанија интензивно се санира.

— реклама —

СДС нема никаков легитимитет да ја коментира енергетиката. Потценува докажани и стручни кадри, а во нивно време директори на комбинатот беа Васко Ковачевски и Пеце Матевски.

— реклама —

Против раководствата кои ја управувале компанијата во периодот од август 2017 до август 2024 поднесени се пријави до надлежните институции, и веруваме дека сите до еден ќе одговараат за своите злосторства во АД ЕСМ.

И да не заборавиме, освен уништување на една од најголемите државни компании, во седум години владеење од 2017 до 2024 година, СДС не успеа да изгради ниту еден нов капацитет за производство на електрична енергија“, се вели во соопштението.


Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

ck-dpmne

Политичка ескалација: ВМРО-ДПМНЕ го обвини Филипче за предавство

Македонија | пред 10 часа

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви

Македонија | пред 15 часа

media-libraryn3ugtfmiffgkek0Fi1u

ВМРО-ДПМНЕ: Пи-арот на Башановиќ нема да ги спаси СДС, најголемата кампања против нив доаѓа одвнатре

Македонија | пред 15 часа

media-library345jp31ofpbidHYuLh7

Мицкоски за Филипче: „Неговите изјави се за хумор и сатира, не се распаѓа коалицијата со ЗНАМ“

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања