Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ВМРО-ДПМНЕ: Разрешувањето на медицинскиот директор на токсикологија е одраз на негативната селекција во здравството од СДС и ДУИ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
120190420_222336

,,Разрешувањето на медицинскиот директор на Клиника за токсикологија е уште еден показател за негативна селекција во здравството, а воедно и поддршка за самоволието на некомпетентни економските директори.

— реклама —

Токму ваквото владеење по принципот „како до сега“ е одраз на функционирањето на власта во заминување за која синоним се сомнителни набавки, непотизам и дуализам во здравството кој што е основа за самоволие и уцени, наместо професионализам и промоција на проекти за унапредување на здравствениот систем. Прашуваме:

— реклама —

Дали се точни информациите дека економската директорка Иљази за два месеци го зголемила долгот за два милиони денари?

— реклама —

Дали воопшто доаѓа на работа економската директорка и со кои компетенции и работно искуство доаѓа на оваа позиција?

Дали се точни информациите дека поради одбивање да потпише согласност за договор на дело за двајца дипломирани биолози, токсиколошката лабораторија веќе два месеци не врши валидација на издадените резултати?

Крајот се приближува на ваквото незаконие. ВМРО-ДПМНЕ во платформата #1198 се обврзува дека ќе стави крај на ваквиот дуализам и укинување на организациските директори на клиниките. Ќе воведеме мерит систем и избор по компетентност и способност. Со оваа мерка и укинување на управните одбори ќе заштедиме средства кои вистински ќе се пренасочат за потребите на здравствениот систем.", изјавија од ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

ck-dpmne

Политичка ескалација: ВМРО-ДПМНЕ го обвини Филипче за предавство

Македонија | пред 14 часа

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви

Македонија | пред 19 часа

media-libraryn3ugtfmiffgkek0Fi1u

ВМРО-ДПМНЕ: Пи-арот на Башановиќ нема да ги спаси СДС, најголемата кампања против нив доаѓа одвнатре

Македонија | пред 19 часа

media-library345jp31ofpbidHYuLh7

Мицкоски за Филипче: „Неговите изјави се за хумор и сатира, не се распаѓа коалицијата со ЗНАМ“

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања