Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ВМРО-ДПМНЕ: СДС глуми загриженост, а остави пустош: Лицемерие на „гробарите“ на македонската енергетика!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
media-libraryiho10o6vj6m68OBE6oe

ВМРО-ДПМНЕ ја обвинува СДС за лицемерие кога зборува за енергетиката, тврдејќи дека нивните кадри со криминални тендери го довеле ЕСМ и РЕК Битола во катастрофална состојба и ја зголемиле зависноста од скап увозен јаглен. Според партијата, ЕСМ останал со загуби од 140 милиони евра и долгови од 80 милиони, а цената на струјата од РЕК Битола достигнала 140 евра/МWh. Наведуваат и пријави за 16 предмети поврзани со РЕК Битола и бараат одговорност од поранешни директори. ВМРО-ДПМНЕ додава дека се работи на обнова и консолидација на ЕСМ, а цената за граѓаните останала стабилна и покрај наследениот „пустош“.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

СДС манифестира еклатантно лицемерие и бесрамност кога си зема за право да ги коментира состојбите во енергетиката, особено кога се дрзнува да зборува за РЕК Битола и намаленото домашно производство, вели ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„Токму криминогеноста и незаситната алчност на нивните кадри, ги оставија АД ЕСМ и РЕК Битола во катастрофална состојба. Со нивните криминални тендери во РЕК Битола си ги наполнија џебовите и станаа светски бизнисмени на релација Нов Зеланд-Дубаи, а домашните производствени капацитети ги оставија во пустош.

— реклама —

Има ли некој свесен во СДС да признае дека нивната деструктивна политика го доведе целиот енергетски систем до колапс? Чувствува ли некој таму трошка вина за криминалните шеми, чија единствена цел беше лично богатење на „фамилијата“?

— реклама —

Кога СДС денес глуми загриженост за сметките за струја, кои и покрај нивниот пустош останаа стабилни, должни се да одговорат зошто го оставија ЕСМ со загуби од 140 милиони евра и долгови кон добавувачи од 80 милиони евра? Зошто го направија РЕК Битола зависен од скап увозен јаглен и зошто дозволија цената на произведената струја да достигне неверојатни 140 евра за мегават час?

Да е лакрдијата поголема, додека системски го уништувале ЕСМ, во истиот период 2017-2024 година искрадиле милијарди денари од ЕСМ, за што веќе се процесирани пријави за кривично гонење за 16 предмети само од РЕК Битола, а тој број секојдневно расте.

Веруваме дека надлежните институции ќе ги изведат пред лицето на правдата сите виновници кои го загрозија енергетскиот систем, вклучувајќи ги и нивните „големи директори“ Васко Ковачевски – Колбасо и Пеце Матевски – Хармоникашо, кои се директно одговорни за урнисувањето на комбинатот.

Оттука на СДС им порачуваме, лажните душегрижници нема да поминат неказнето за системското уништување на македонската енергетика.

Впрочем, набавката на електрична енергија е токму последица на нивното катастрофално управување со домашниот електроенергетски систем.

Тоа што СДС го уништи во периодот 2017-2024 година е невозможно да се санира за кратко време. Но и покрај тоа што изминативе година и половина интензивно се работи на обнова и враќање на производните капацитети во нормална состојба и на целосна консолидација на ЕСМ, која СДС буквално ја претворија во загубар, по што и цената на електричната енергија за граѓаните остана стабилна“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

ck-dpmne

Политичка ескалација: ВМРО-ДПМНЕ го обвини Филипче за предавство

Македонија | пред 10 часа

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви

Македонија | пред 15 часа

media-libraryn3ugtfmiffgkek0Fi1u

ВМРО-ДПМНЕ: Пи-арот на Башановиќ нема да ги спаси СДС, најголемата кампања против нив доаѓа одвнатре

Македонија | пред 15 часа

media-library345jp31ofpbidHYuLh7

Мицкоски за Филипче: „Неговите изјави се за хумор и сатира, не се распаѓа коалицијата со ЗНАМ“

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања