Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ВМРО-ДПМНЕ: СДС, Ковачевски и Пендаровски фатени во скандалот со експертот за црна кампања Исеини- кој и со чии пари го плаќа?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија

,,Дека очајот во СДС и кај Ковачевски и Пендаровски е толку голем, говори фактот што почнале да соработуваат со странскиот експерт за црна кампања, Асаф Исеини, кој е еден од најскапите на пазарот. Немаат ништо сработено цели 7 години, па ќе пробаат да спасат колку што можат нешто со негативна кампања.

— реклама —

Пендаровски ги призна средбите, а дали Асаф Исеини е ангажиран само од СДС, само од Пендаровски или и од СДС и Пендаровски, е најмалку важно.

— реклама —

Останува само да признаат и да кажат со кои пари го плаќаат човекот кој им ја смислува кампањата. Патем од она кое што го гледаме кампањата им е исклучиво насочена кон поделби и навреди упатени кон сопствениот народ, што само потврдува дека сите карти ги ставиле на тоа да сеат магла наместо да дадат отчет и понуда.

— реклама —

СДС треба да знаат дека ако го плаќаат со црни пари странскиот стратег, тогаш прават криминал. Ако го плаќа странски субјект, тогаш повторно го прекршуваат законот, дотолку повеќе што тој странски фактор би имал свои интереси да се меша во изборите во Македонија.

СДС, Ковачевски и Пендаровски нека почнат да даваат одговори. Знаеме дека во овој скандал угоре им е високо, а удолу им е длабоко, ама мора да кажат кој и на каков начин им го финансира странскиот стратег на кампањата.

Времето на промени доаѓа, а по него ќе следи и времето на одговорност.", велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

ck-dpmne

Политичка ескалација: ВМРО-ДПМНЕ го обвини Филипче за предавство

Македонија | пред 12 часа

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви

Македонија | пред 16 часа

media-libraryn3ugtfmiffgkek0Fi1u

ВМРО-ДПМНЕ: Пи-арот на Башановиќ нема да ги спаси СДС, најголемата кампања против нив доаѓа одвнатре

Македонија | пред 16 часа

media-library345jp31ofpbidHYuLh7

Мицкоски за Филипче: „Неговите изјави се за хумор и сатира, не се распаѓа коалицијата со ЗНАМ“

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања