Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ВМРО-ДПМНЕ: СДС под 5%, програмата на Филипче не поминува, ниту еден ПР трик не ги брише скандалите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 ден -

Македонија
media-libraryjrdvm76dpg894skEoh6

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека СДСМ е во длабока политичка криза и дека „новата програма“ на Венко Филипче не носи суштински промени ниту може да ја врати довербата кај граѓаните. Го критикуваат и за мандатот како министер за здравство, посочувајќи скандали и пад на довербата. Партијата оценува дека Зоран Заев и понатаму има влијание врз СДСМ и дека ПР кампањи не можат да ја сменат јавната слика. Како аргумент наведуваат анкети според кои СДС е трета партија со под 5% доверба, а Филипче е рангиран уште пониско.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека СДСМ се наоѓа во длабока политичка криза и дека новата програма на лидерот Венко Филипче не може да ја врати довербата кај граѓаните.

— реклама —

Од партијата оценуваат дека, и покрај обидите да се прикаже како нов почеток, програмата не нуди суштински промени.

— реклама —

„Колку и Венко да се обидува да ја продава својата ‘нова програма’ како некоја голема промена, вистината е дека ништо ново не постои и дека позади секоја негова изјава и секоја негова ‘иницијатива’ стои агенда која ја носи СДС во пропаст“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Во соопштението, Филипче се критикува и за неговиот мандат како министер за здравство.

„Филипче како поранешен министер за здравство се обидуваше да профитира од буквално се што можеше, и му се случија најголемите скандали и го креираше системот кој ја урна довербата кај граѓаните, па затоа сега не може да се претставува како реформатор без тоа да звучи како навреда за интелигенцијата на граѓаните“, стои во реакцијата.

Според ВМРО-ДПМНЕ, влијанието на Зоран Заев и понатаму е присутно во партијата.

„Заев и понатаму ја има реалната тежина и влијание врз СДС, а тоа се потврдува со лицата кои сега се дел од највисокото раководство на партијата, а се блиски до него“, наведуваат од партијата.

Дополнително, се посочува дека комуникациските стратегии не можат да ја променат сликата во јавноста.

„Ниту еден пиар трик, ниту најдобро осмислена кампања предводена од Башановиќ не можат да ги избришат скандалите на Филипче за секоја неуспешна политика и секој обид за профит, додека Заев ја води и ја контролира партијата од позадина и гарантира дека истиот модел на лоши практики ќе продолжи“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата оценува дека СДС има сериозен пад на довербата кај граѓаните.

„Според најновите анкети, СДС е трета партија во државата и нема ни цели 5% доверба од граѓаните, а Филипче како лидер е петти и далеку од тие 5% кои ги ужива партијата. И ова е сурова, непопустлива реалност која не може да се избрише“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во заклучокот, од партијата порачуваат дека ниту една кампања не може да ја прикрие, како што велат, изгубената доверба.

„Со лидер рангиран уште пониско од самата партија и со пад на довербата кај граѓаните јасно дека ниту една кампања не може да ја прикрие длабоката криза и изгубениот кредибилитет“, се наведува во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

ck-dpmne

Политичка ескалација: ВМРО-ДПМНЕ го обвини Филипче за предавство

Македонија | пред 8 часа

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви

Македонија | пред 12 часа

media-libraryn3ugtfmiffgkek0Fi1u

ВМРО-ДПМНЕ: Пи-арот на Башановиќ нема да ги спаси СДС, најголемата кампања против нив доаѓа одвнатре

Македонија | пред 12 часа

media-library345jp31ofpbidHYuLh7

Мицкоски за Филипче: „Неговите изјави се за хумор и сатира, не се распаѓа коалицијата со ЗНАМ“

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања