Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ВМРО-ДПМНЕ: СДС прави шоу, наместо закони за горивата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Македонија
ck-dpmne

ВМРО-ДПМНЕ остро реагираше на најавите на СДСМ поврзани со намалување на цените на горивата, обвинувајќи дека наместо конкретни законски решенија, опозицијата води кампања преку прес-конференции.

— реклама —

Од партијата велат дека доколку СДС биле сериозни во намерите, уште првиот ден ќе поднеле предлог-закони во Собранието, наместо, како што наведуваат, „пет дена да најавуваат и да свикуваат прес-конференции, небаре промовираат концерт на Харис Џиновиќ“.

— реклама —

Според ВМРО-ДПМНЕ, барањето на СДС за намалување на акцизата за четири денари е неосновано во овој момент, бидејќи, како што посочуваат, законските услови за такво намалување не се исполнети.

— реклама —

„Во законите јасно е пропишано дека акцизата може да се намали доколку има кризна или вонредна состојба и доколку цената на нафтата по тон надмине 1.200 долари. Во моментов тоа не е случај“, велат од партијата.

Дополнително, од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека Македонија има едни од најниските цени на горивата во регионот и Европа, нагласувајќи дека тие веќе се намалени за два денара како резултат на, како што велат, владините политики и договори со компаниите.

Во соопштението се потсетува и дека во време на претходната власт, СДСМ, заедно со тогашниот премиер Зоран Заев и актуелниот лидер Венко Филипче, трипати ја зголемиле акцизата на горивата.

„Со тие зголемувања не се инвестираше во капитални проекти, туку во нивните џебови“, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

ck-dpmne

Политичка ескалација: ВМРО-ДПМНЕ го обвини Филипче за предавство

Македонија | пред 13 часа

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви

Македонија | пред 17 часа

media-libraryn3ugtfmiffgkek0Fi1u

ВМРО-ДПМНЕ: Пи-арот на Башановиќ нема да ги спаси СДС, најголемата кампања против нив доаѓа одвнатре

Македонија | пред 17 часа

media-library345jp31ofpbidHYuLh7

Мицкоски за Филипче: „Неговите изјави се за хумор и сатира, не се распаѓа коалицијата со ЗНАМ“

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања