Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ВМРО-ДПМНЕ: СДС зборува конфузно, без аргументи и без суштина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Свет
vmro-dpmne-sediste1

ВМРО-ДПМНЕ реагираше на прес-конференцијата на СДСМ, обвинувајќи ја опозициската партија за, како што велат, конфузен и неаргументиран настап.

— реклама —

„СДС денес звучи како евтин АИ модел – многу зборови, никаква суштина, конфузија и неповрзани нешта. Народски кажано: тропаат како ‘Максим по дивизија’“, се наведува во реакцијата.

— реклама —

Од партијата велат дека СДСМ истовремено отвора повеќе теми без јасна логика, аргументи или конкретна цел.

— реклама —

„Партијата која седум години ветуваше ЕУ ‘утре’, денес зборува за реформи кои самата не ги направи. Партијата која го урниса правосудството, сега држи лекции за владеење на правото. Партијата која ја заглави државата, зборува за изолација“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив, наместо одговори за, како што посочуваат, неисполнетите ветувања и недостигот на резултати во периодот на владеење, СДСМ нуди „конфузија и празни тези“.

Во реакцијата се упатува и директна критика кон лидерот на СДСМ, Венко Филипче.

„Не знаеме што му е на Филипче, но посакуваме да се соземе и да престане да кажува глупости. Ова не е политика, ова е конфузија“, стои во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

ck-dpmne

Политичка ескалација: ВМРО-ДПМНЕ го обвини Филипче за предавство

Македонија | пред 13 часа

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви

Македонија | пред 17 часа

media-libraryn3ugtfmiffgkek0Fi1u

ВМРО-ДПМНЕ: Пи-арот на Башановиќ нема да ги спаси СДС, најголемата кампања против нив доаѓа одвнатре

Македонија | пред 17 часа

media-library345jp31ofpbidHYuLh7

Мицкоски за Филипче: „Неговите изјави се за хумор и сатира, не се распаѓа коалицијата со ЗНАМ“

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања