Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ВМРО-ДПМНЕ со критики до СДСМ: Сценографијата на Шукова копирана од Србија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-library3suv56c2v1800W0xezb

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека СДСМ ја користи последната трагедија во земјата за политичка промоција, реагирајќи на прес-конференцијата на претседателката на Форумот на жени на СДСМ, Каја Шукова.

— реклама —

Според владејачката партија, настапот на Шукова претставувал копирање на кампањи кои веќе биле видени во регионот, оценувајќи дека станува збор за обид трагедијата да се искористи за привлекување внимание во јавноста.

— реклама —

„СДС покажа дека повеќе не е политичка партија туку постепено се претвора во шоу за имитација. На вчерашната прес-конференција Каја Шукова копираше кампањи кои се веќе видени во регионот и се обиде последната трагедија во земјата да ја искористи како повод за внимание“, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Од партијата посочуваат дека сценографијата и пораките биле преземени од настани во Србија, додавајќи дека тоа, според нив, покажува недостаток на автентичност, идеи и визија во СДСМ.

Во соопштението се додава дека темата за насилството врз жените е премногу сериозна за, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, да се користи за политички перформанси во пресрет на 8 Март.

„Жените во Македонија заслужуваат повеќе од некреативен и ископиран ПР и сценарија преземени од други земји“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

ck-dpmne

Политичка ескалација: ВМРО-ДПМНЕ го обвини Филипче за предавство

Македонија | пред 10 часа

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви

Македонија | пред 15 часа

media-libraryn3ugtfmiffgkek0Fi1u

ВМРО-ДПМНЕ: Пи-арот на Башановиќ нема да ги спаси СДС, најголемата кампања против нив доаѓа одвнатре

Македонија | пред 15 часа

media-library345jp31ofpbidHYuLh7

Мицкоски за Филипче: „Неговите изјави се за хумор и сатира, не се распаѓа коалицијата со ЗНАМ“

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања