Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ВМРО-ДПМНЕ со реакција: СДС школа за лаги без конкуренција, барем јавно да се извинат на граѓаните откако сите лаги им пукнаа како меур од сапуница

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

ВМРО-ДПМНЕ ја обвинува СДСМ и портпаролката Богданка Кузеска за континуирано лажење и „распродавање“ на државните интереси. Како пример го наведуваат Зоран Заев, тврдејќи дека ветувал дека нема да го смени името, а потоа го направил тоа. Партијата тврди дека СДСМ ја искористил „Шарената револуција“ за да дојде на власт и да влијае врз правосудството, како и дека лажеле за аерозагадувањето и за наводни мигрантски кампови. Бараат Кузеска јавно извинување до граѓаните.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Откако сите лаги им се распрскаа како меур од сапуница, СДС и Богданка Кузеска без трошка срам продолжуваат да лажат. Не е ни чудно тоа за нив, да имаше школа за лажење, дефинитивно немаше да имаат конкуренција, затоа што само од СДС можат со рака на срце да се колнат дека ја сакаат државата, а од друга страна ја распродаваат, вели ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата на прес-конференцијата на портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска

— реклама —

„Еден од еклатантните примери за безочно лажење е менторот на Венко Филипче, Зоран Заев, кој дури и во децата и своите предци се колнеше дека нема да го смени името кога ќе дојде на власт.

— реклама —

За жал, голем дел од граѓаните поверуваа на лагите на Заев и СДС и не само што до смени името, туку заедно со неговиот чувар на фотелјата во СДС, Венко Филипче и ги распродаваа националните и стратешки интереси, државата ја опљачкаа, а граѓаните ги осиромашија.

— реклама —

Со најголемата лага „нема правда, нема мир“ СДС ја искористи таканаречената Шарена револуција, за да дојде на власт и да инсталира свои послушници во правосудството, кои прво Заев го ослободија од вина за примањето поткуп, па после со Филипче и останатите да ги заштитат од седумгодишниот криминал и пљачка на Македонија.

Лажеа и за загадениот воздух, на цел глас дерејќи се Заев и компанија од СДС на предизборен митинг во Аеродром, дека ајро немало и дека по победата ќе го исчистеле, за што не само што со прст не мрднале, туку сега да гледаме дека со набавките на сомнителен квалитет на мазут свесно ги труеле граѓаните.

Една од поновите лаги на СДС и Венко Филипче, која се распрсна на сите страни, беше лажењето и свесното ширење хистерија дека во државава ќе се градат мигрантски кампови, за што дури и британскиот амбасадор требаше да ги демантира и целосно да им ја разоткрие лагата.

Долга е листата на лаги на СДС, Филипче и Заев и наместо да се извинат тие повторно продолжуваат со нивната најдобро научена школа, лажењето во кое им нема рамен.

Наместо бесцелните прес-конференции, добро би било Кузеска во име на сите предавства и лаги на сите досегашни и актуелно раководство јавно да им се извини на граѓаните“, се вели во реакцијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

ck-dpmne

Политичка ескалација: ВМРО-ДПМНЕ го обвини Филипче за предавство

Македонија | пред 10 часа

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви

Македонија | пред 15 часа

media-libraryn3ugtfmiffgkek0Fi1u

ВМРО-ДПМНЕ: Пи-арот на Башановиќ нема да ги спаси СДС, најголемата кампања против нив доаѓа одвнатре

Македонија | пред 15 часа

media-library345jp31ofpbidHYuLh7

Мицкоски за Филипче: „Неговите изјави се за хумор и сатира, не се распаѓа коалицијата со ЗНАМ“

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања