Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ВМРО-ДПМНЕ: За 1,5 година нула колективни договори на ССМ со Владата, нула резултати на Трендафилов, а ССМ во служба и под диктат на СДС

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Македонија
media-libraryt5co9e4v7gsh1I16w0j

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека протестот на ССМ бил неуспешен и организиран со поддршка од СДС, без поширока поддршка од „вистинските работници“, туку со партиски мобилизирани структури. Според партијата, ССМ во последните 1,5 година нема склучено колективен договор со Владата и не покажал резултати за работниците, ниту ги поддржал договорите со други синдикати што донеле повисоки плати. Го обвинува раководството, предводено од Трендафилов, дека работи по политички агенди и дека тоа ќе ја намалува довербата на работниците.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

— реклама —

Фијаското на протестот на ССМ кој беше организиран и логистички поддржан од СДС јасно покажа дека ССМ не доби поширока поддршка од вистинските работници, вели ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„Јавноста ја виде вистината за ССМ, наместо синдикат што се бори за работниците, ССМ се претвори во продолжена рака на политичките интереси на СДС.

— реклама —

Факт е дека во изминатите 1,5 година ССМ нема склучено ниту еден колективен договор со Владата. Нула резултати за работниците. Но затоа, очигледно е дека единствениот „договор“ кој функционира на ССМ е оној со СДС.

Неуспешниот протест на ССМ само ја потврди реалноста, вистинските работници не беа таму. Наместо нив, на протестот беа партиски мобилизирани структури на СДС, што претставува директно потценување на работничката интелигенција и достоинство.

Додека други синдикати обезбедуваат конкретни резултати и повисоки плати за вработените во јавниот сектор, ССМ молчеше и не ги поздрави колективните договори на Владата со разни синдикати, со кои се зголемија платите на работниците во јавниот сектор.

Тоа молчење на ССМ не е случајно туку е политички диктирано од СДС. Трендафилов и ССМ бараат се што сака и е во интерес на СДС.

Раководството на ССМ, предводено од Трендафилов, очигледно избра да служи на партиски агенди наместо на работничките интереси.

Се додека Трендафилов и ССМ функционираат како политички инструмент, довербата кај работниците во нив ќе опаѓа, и работниците ќе го напуштаат синдикатот.

Работниците заслужуваат вистински синдикат независен, гласен и бескомпромисен во заштитата на нивните права, а не политичка алатка во рацете на било која партија“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

ck-dpmne

Политичка ескалација: ВМРО-ДПМНЕ го обвини Филипче за предавство

Македонија | пред 11 час

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви

Македонија | пред 16 часа

media-libraryn3ugtfmiffgkek0Fi1u

ВМРО-ДПМНЕ: Пи-арот на Башановиќ нема да ги спаси СДС, најголемата кампања против нив доаѓа одвнатре

Македонија | пред 16 часа

media-library345jp31ofpbidHYuLh7

Мицкоски за Филипче: „Неговите изјави се за хумор и сатира, не се распаѓа коалицијата со ЗНАМ“

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања