Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче да одговорат зошто ја зголемуваа акцизата три пати во нивно владеење за сега да бараат да се намали?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 дена -

Македонија
media-libraryg9188ctes36g6QyiB6H

Луѓе како Заев и Филипче, кои немаат кредибилитет и легитимитет во државата да говорат за мерки, проекти или пак да дадат совети за некоја политика, се најгласни во опозиција, а на власт кога беа повеќе крадеа него било што друго, велат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ како реакција на прес-конференцијата на СДСМ.

— реклама —

„Поголеми дилетанти како СДС, Заев и Филипче во историјата на Македонија немало. Три пати додека беа на власт ја зголемуваа акцизата, а да се потсетиме и дека сакаа да воведат и еколошка такса со која дополнително ќе се зголемеа цените на горивата. Дополнително, лицемерно е тоа што како власт тие го зголемија ДДВ-то за голем број прехранбени производи за денес да бараат намалување.

— реклама —

Исто така, оваа година да ја потсетиме јавноста, дека враќаме долгови кои се наталожени од власта на СДС, Заев и Филипче во висина од 2.5 милијарди евра.

— реклама —

За разлика од СДС, ВМРО-ДПМНЕ работи транспарентно и чесно. Цената на горивата во Македонија со интервенција на Владата и заложбите на претседателот Мицкоски се останати исти како и минатата недела, додека во сите држави во регионот и пошироко се зголемени неколкукратно“, се вели во реакцијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

ck-dpmne

Политичка ескалација: ВМРО-ДПМНЕ го обвини Филипче за предавство

Македонија | пред 10 часа

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви

Македонија | пред 15 часа

media-libraryn3ugtfmiffgkek0Fi1u

ВМРО-ДПМНЕ: Пи-арот на Башановиќ нема да ги спаси СДС, најголемата кампања против нив доаѓа одвнатре

Македонија | пред 15 часа

media-library345jp31ofpbidHYuLh7

Мицкоски за Филипче: „Неговите изјави се за хумор и сатира, не се распаѓа коалицијата со ЗНАМ“

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања