Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ВМРО-ДПМНЕ: Затворањето на постмониторинг дијалогот со СЕ е јасна потврда за посветеноста на Владата на патот кон ЕУ, за разлика од СДС само што се сликаа во авионот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
media-libraryn3ugtfmiffgkek0Fi1u

ВМРО-ДПМНЕ со реакција на ставовите на Андреј Жерновски обвини дека СДСМ е „најголем непријател на државата“ и главен кочничар на евроинтегративниот процес на Македонија.

— реклама —

„Поголем непријател на државата од СДС на Зоран Заев и Венко Филипче, нема“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ во соопштението, додавајќи дека државата низ историјата „најмногу патела од своите внатрешни непријатели и предавници“.

— реклама —

Од партијата тврдат дека поранешната власт направила сериозни отстапки за да остане на власт. „Сменија устав, име на држава, потпишаа предавнички договори, само и само да се дограбат до власт и останат ден повеќе“, стои во реакцијата.

— реклама —

Во соопштението се наведува и дека токму владеењето на СДСМ, според ВМРО-ДПМНЕ, било пречка за напредокот кон Европската Унија. „Најголемите кочничари на евроинтегративниот пат на државата се токму СДС и нивното криминално владеење“, тврдат од партијата.

Во реакцијата се споменува и прашањето за руско влијание во земјата. „Ако Жерновски заборавил да го потсетиме, руското влијание во државата продре единствено преку власта на СДС, Заев и Филипче“, се наведува во соопштението.

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека актуелната влада работи на реформската агенда и усогласување на законодавството со европските стандарди и дека останува посветена на интеграцијата на земјата во Европската Унија „со исполнување на Копенхашките критериуми и зачуван национален идентитет“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

ck-dpmne

Политичка ескалација: ВМРО-ДПМНЕ го обвини Филипче за предавство

Македонија | пред 10 часа

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви

Македонија | пред 14 часа

media-libraryn3ugtfmiffgkek0Fi1u

ВМРО-ДПМНЕ: Пи-арот на Башановиќ нема да ги спаси СДС, најголемата кампања против нив доаѓа одвнатре

Македонија | пред 14 часа

media-library345jp31ofpbidHYuLh7

Мицкоски за Филипче: „Неговите изјави се за хумор и сатира, не се распаѓа коалицијата со ЗНАМ“

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања