Научниците од Универзитетот Хокаидо преку анализа на коски на диносаурус стар 72 милиони години, открија дека тој скелет припаѓал на нов вид од семејството хадаросауриди. Тоа е воедно и најголемиот скелет на диносурус досега пронајден во Јапонија.
Првично при заедничкото ископување, кое во 2013 година го спровеле музејот „Хобетсу“ и универзитетскиот музеј во Хокаидо, бил најден само опашот на ова големо суштество. Но со дополнителните истражувања е откриен речиси целиот костур на диносаурусот. Според резултатите од анализата на научниците, станува збор за нов род и вид тревојаден хардосаурид диносаурус. Научниците диносурусот го нарекоа „Камуисаурус јапоникус“. Овој џиновски гуштер бил долг околу осум метри и тежел меѓу четири и 5,3 тони, во зависност од тоа дали одел на две или четири нозе.