Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Во Куманово натепан газда на гостилница, оти одбил по полноќ да угости двајца гости: го удирале по глава, му искршиле и рака

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
525260601_10164110712530934_3299071640872807828_n
Илустрација / Скопје1

Основното јавно обвинителство Куманово донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека заеднички сториле кривично дело насилство, согласно член 386 став 6 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик.

— реклама —

Според наводите на обвинителството, инцидентот се случил на 18 јануари, по 1 часот по полноќ, кога осомничените агресивно се обиделе да влезат во гостилница која веќе била затворена. Нивната намера била и по завршувањето на работното време да продолжат со консумирање алкохол во објектот, но сопственикот тоа не им го дозволил.

— реклама —

По одбивањето, осомничените започнале со особено агресивно и насилничко однесување во дворот на угостителскиот објект, при што физички го нападнале сопственикот. Му задале повеќе удари по главата и телото, го собориле на земја и му нанеле тешки телесни повреди, меѓу кои скршеница на десната рака и повреда на увото.

— реклама —

Со ваквите насилнички дејствија, како што информираат од обвинителството, кај уште неколку лица кои во тој момент се затекнале во близина на објектот било предизвикано чувство на страв и сериозна несигурност.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Куманово доставил предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени. Судот го прифатил предлогот и им определил притвор во траење од по 30 дена, додека истражната постапка продолжува.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

izletal-od-patoto

Трагедија во Куманово: Му се слошило зад волан, па со автомобилот излетал од патот

Македонија | пред 1 седмица

media-library5m158u8af9ph2HtR04D

Деца од Куманово се затруле со земјоделска течност, интно пренесени на клиника

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryl50dgrosuqlg4vjb85B

Докторот што констатирал природна смрт кај жртва на серискиот убиец повикан на распит

Македонија | пред 3 седмици

media-library2pkioh35m7jn3aqVYuQ

Почина Бајрам Сулејмани, поранешен градоначалник на Куманово

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања