Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Во недела започнува тридневна „Новогодишна приказна“ во Кисела Вода

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Скопје
media-libraryfmlfc1u59jm2fdsx0Ky

Во недела, на 28 декември, со почеток во 19 часот, во паркот „Шопен“ ќе започне тридневната манифестација „Новогодишна приказна“ во организација на Општина Кисела Вода. Настанот ќе понуди богата празнична програма со настапи на македонски изведувачи, наменета за сите генерации.

— реклама —

Паркот ќе биде празнично декориран, а посетителите ќе можат да уживаат и во новогодишните куќарки, каде ќе се нудат топли напитоци и разновидна празнична храна.

— реклама —

Програмата во недела ќе започне со настап на Ди Џеј Марио со труба, по што ќе следи музичкиот проект „Пауза за ракија“ на Игор Димовски.

— реклама —

Во текот на наредните денови, на сцената ќе настапат Антониа Гиговска, Либеро бенд, Миле Кузмановски со бенд, Оле Поцкова од „Зевзекманија“ со стенд-ап комедија, како и Бока Конга и Боби Сакс.

Во вторник, во рамки на детската програма, Дедо Мраз ќе додели бесплатни новогодишни пакетчиња на сите деца од општина Кисела Вода.

Од Општината ги повикуваат граѓаните да бидат дел од оваа празнична манифестација и заедно да го одбележат доаѓањето на Новата година во пријатна и весела атмосфера.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

voda

Водата во Скопје е безбедна за пиење – сите анализи покажуваат усогласеност со стандардите

Скопје | пред 2 месеци

media-libraryt1b3hoglbsel6z2Gurj

Стаменкоска Трајкоска: Создаваме еднакви можности и подобра иднина за сите ученици

Скопје | пред 2 месеци

media-librarytkqbbirujnchfayd7Zz

Општина Кисела Вода го донесе Буџетот за 2026 година, вреден 1.578.271.060 денари

Скопје | пред 3 месеци

media-librarypv8k09i09hokbMKMp0y

Новогодишни пакетчиња за децата од ОУРЦ „Д-р Златан Сремец”, ДУРДМОВ „Димитар Влахов” и децата со оштетен слух и говор од ООУ “Кузман Јосифовски-Питу”

Магазин | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања