Во новата судија на CNRS Центар за молеукларна биофизика во Франција, научниците откриле вонземска органска материја „заробена“ во вулкански карпи долж планината Маконџва во Јужна Африка, стари повеќе од три милијарди години.
– Ова е првпат да откриеме вистински докази за вонземски јаглерод во земска карпа, изјави Франсес Вестал, астробиолог од ЦНРС.
– Имено, на некои карпи се пронајдени и наночестички од никел, хром и железо, коешто не е вообичаено кај обичните овоземски карпи. Ова посочува дека тој слој камења се појавил по судир со всесенско тело, објаснува Дидие Гурие, водечки автор на истражувањето од Истражувачкиот Универзитет ПСЛ.
Од праисторијата Сончевиот Систем со метеорити и други вселенски тела ја „бомбардирал“ Земјата, а според некои теории, дел од тие надворешни вселенски материи го овозможиле настанокот на животот на нашата планета. Новите наоди можеби и го потврдуваат сè тоа.