Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Возот в снег, патници заглавени со часови без храна и вода во Книн, Хрватска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-libraryancpqctt7h9mb8iuQ2K
Unsplash

Снежното невреме го блокира железничкиот сообраќај кон Далмација, патници се заглавени заглавени во Книн.

Силното снежно невреме и техничките дефекти го парализираа железничкиот сообраќај кон Далмација, оставајќи десетици патници заглавени на железничката станица во Книн без организиран алтернативен превоз.

— реклама —

Патниците од возот на релација Загреб – Сплит, кој тргнал во раните попладневни часови, од синоќа се принудени да чекаат во Книн, каде што композицијата е запрена околу 21 часот. Според сведочењата, причина за застојот е дефект на локомотивата непосредно пред пристигнувањето во градот.

Огорчените патници велат дека со часови биле оставени без храна, пијалаци и каква било официјална информација за тоа што ќе се случува понатаму. Во градот не функционира ниту јавен превоз, што дополнително ја отежнува ситуацијата.

— реклама —

Иако утрото пристигнал воз од правец на Сплит, патниците не биле префрлени, со образложение дека патувањето било ризично поради тешките временски услови. Најголемиот проблем, како што наведуваат, е отсуството на каков било алтернативен превоз – нема автобуси, ниту организирана замена за продолжување на патувањето.

Додека снежното невреме продолжува да создава проблеми низ целата земја, патниците апелираат надлежните институции итно да реагираат и да обезбедат основни услови и јасни информации за оние кои се веќе часови заглавени на пат.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryaevcubpcsme7eiIB0c6

Експлозија во Сплит: загина 72-годишен маж

Балкан | пред 20 часа

— реклама —
media-librarygapulmqav1kqebLs4VW

Евакуиран шопинг-центар во Осиек

Свет | пред 1 ден

Rucna-Bomba-kasikara-granata-620x350

Паника во Загреб: Закани за бомби ги испразнија училиштата

Балкан | пред 2 дена

media-library2er4ggg8j2al63QXMK7

(Видео) Хрватски град го освои „Daily Mail“: Плажи, култура и пристапни цени

Магазин | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања