Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Вучиќ и фон дер Лајен разговараа за европскиот пат на Србија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 часа -

Свет
media-library2ro9vqk25vo01oQmliL

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, телефонски разговараше со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

„Добар и отворен разговор со Урсула фон дер Лајен за клучните прашања во односите меѓу Србија и Европската унија, како и за понатамошниот напредок на нашата земја на европскиот пат.

Ја истакнав посветеноста на Србија за забрзано спроведување на суштинските реформи во областа на владеењето на правото, унапредување на правосудниот систем, зајакнување на независноста на институциите, како и имплементација на медиумските закони и сетот реформски закони, во согласност со препораките на Венецијанската комисија.

Нагласив дека Србија продолжува одговорно и посветено да работи на усогласување со европските стандарди. Благодарност до претседателката фон дер Лајен за личниот ангажман, изразив очекување дека соработката со Европската комисија ќе продолжи да обезбедува јасна поддршка за реформските напори и забрзување на процесот на пристапување на нашата земја во Европската унија.

Разменивме мислења и за актуелните регионални и глобални предизвици. Повторив дека стабилноста, соработката и одговорната политика се од клучно значење за иднината на Западен Балкан и Европа“, наведе Вучиќ на Инстаграм.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library4pds9h0ctsn8cPwbI1B

(Видео) Опозициски критики кон претседателот Вучиќ за односот со Русија

Свет | пред 12 часа

— реклама —
media-libraryomve0170hsuh7Rurym6

Уапсен 20-годишник, осомничен за учество во војната во Украина

Балкан | пред 13 часа

media-libraryo3atpber2kltbOhFQP9

Малолетник фрлил бомба во Крагуевац за 1.000 евра

Свет | пред 14 часа

media-librarypqgv8ikep90t0mWAsEm

(Видео) Закани со смрт во Српскиот парламент кон опозицијата, власта аплаудира

Настани | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања