Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Вучиќ: Во Хрватска настана хистерија поради една ракета, другите не ги ни видоа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
Screenshot-2023-09-28-at-23.48.36

Вучиќ го посети селото Раниловиќ и ги коментираше реакциите од Хрватска за наводните кинески хиперсонични ракети CM-400 на српски „Миг“, велејќи дека „настана хистерија“ и дека Србија ја зајакнува армијата, но нема намера да напаѓа. Хрватскиот премиер Пленковиќ писмено го известил генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, барајќи Алијансата да го разгледа прашањето, тврдејќи дека вакво кинеско оружје не било видено во Европа. Вучиќ потврди дека Србија има такви ракети и изрази страв од можен сојуз Хрватска–Албанија–Косово.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, го посети селото Раниловиќ во општина Аранѓеловац, каде што разговараше со жителите кои го пречекаа со аплауз и овации, а за време на посетата се обрати и пред медиумите.

Тој, меѓу другото, ги коментираше реакциите од Хрватска поради кинеските хиперсонични квази-балистички ракети CM-400, кои наводно се забележани на српските борбени авиони „Миг“ и за кои српските таблоиди тврдат дека имаат дострел до 400 километри, нарекувајќи ги „Загрепчанки“.

— реклама —

„Во Хрватска настана хистерија поради една ракета. Другите не ги ни видоа“, изјави Вучиќ.

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ претходно соопшти дека за ракетите писмено го известил генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.

— реклама —

Вучиќ во својата изјава истакна дека на Србија ѝ се потребни мир и стабилност во свет во кој, како што рече, „повеќе не владее правдата, туку неизвесноста и непредвидливоста“. Тој нагласи дека Србија ја зајакнала својата армија, но дека тоа не значи дека има намера да нападне некого.

„Не мора Пленковиќ да го известува НАТО, јас ќе ги известам затоа што се гордеам со она што го заработиле српските раце. Нема да го топам српското оружје, туку ја зајакнувам Србија. Не за да нападнеме некого – можете мирно да спиете. Немојте да мислите дека некој ќе ја покори Србија“, изјави Вучиќ.

Премиерот Пленковиќ претходно изјави дека писмено го информирал генералниот секретар на НАТО за набавката на кинески хиперсонични ракети од страна на Србија и дека Алијансата треба да разговара за тоа прашање.

„Како што најавив вчера, испратив писмо до генералниот секретар на НАТО и го известив за ова. Сметам дека тоа е релевантна информација која Алијансата и другите членки треба да ја земат предвид“, рече Пленковиќ пред новинарите.

Тој додаде дека станува збор за вид кинеско вооружување кое, според неговите зборови, „досега не било забележано на европска територија“.

Вучиќ во четвртокот вечерта потврди дека Србија располага со хиперсонични балистички ракети воздух-земја, истакнувајќи дека Србија нема намера никого да нападне, но и дека стравува оти во иднина би можела да биде цел на наводен воен сојуз меѓу Хрватска, Албанија и Косово.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2023-09-28-at-23.48.36

Вучиќ најави „експлозија“ на производство на дронови во Србија

Балкан | пред 1 седмица

— реклама —
490506140_1221633092883168_4859003472972009158_n

Вучиќ одговори на Маѓар: „Нема кумови зад нашите односи“

Свет | пред 1 седмица

Screenshot-2023-09-28-at-23.51.03

(Видео) Вучиќ: Европските „демократи“ ме ставија на листа за отстрел

Свет | пред 1 седмица

media-library03ab0po7tn26epYuJ96

Вучиќ: Едностраните потези на Приштина ги зголемуваат тензиите

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања