Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Хакиран интернет преносот од Евровизија: Израел не е безбеден, ќе видите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Магазин
evrovizija

Двеминутна видео-снимка со порака: „Израел не е безбеден, ќе видите“, е испратена за време на првото полуфинале од изборот за Песна на Евровизија преку страницата на јавниот сервис Кан.

— реклама —

Јавниот сервис, кој е домаќин на натпреварот, соопшти дека станува збор за хакерски напад и дека хакирањето траело неколку минути.

— реклама —

Се појаснува дека хакери вметнале лажно видео предупредување од израелската војска во кое се наведува да се оди во засолништата поради неизбежен ракетен напад.

— реклама —

– Веруваме дека пораката не ја добиле многу луѓе. ЕБУ (Европската радио-дифузна унија) и Кан сметаат дека кибер-безбедноста е од голема важност и дека случајот се истражува, се наведува во соопштението.

Пропалестински активисти, кои се залагаат за бојкот на Израел, започнаа кампања против натпреварот за Песна на Евровизија, кој привлече меѓународно внимание и десетици илјади туристи во Израел.

Активистите организираа марш во пресрет на почетокот на првото полуфинале недалеку од местото каде што се одржува во Тел Авив, повикувајќи на ставање крај на израелската контрола на западниот брег и Појасот Газа.

На 5 мај, палестинското движење Исламски џихад од Појасот Газа се закани дека ќе го спречи одржувањето на изборот за Песна на Евровизија.

– Ќе го спречиме непријателот да успее во одржување на каков било фестивал, чија цел е да му наштети на палестинскиот наратив“, стоеше во соопштението на Исламски џихад, објавено во моментот кога израелските воздухопловни сили започнаа напади врз десетици цели во Појасот Газа, како одговор на тоа што 400 ракети беа истрелани кон територијата на Израел.

Во соопштението беше наведено и дека „отпорот мора да реагира на агресијата на непријателот и да го изненади“.

Амбасадата на САД во Израел вчера објави безбедносно предупредување за сите американски граѓани, во кое апелира Американците во Израел да бидат внимателни и да избегнуваат да патуваат во подрачја кои се мета на ракетирање од Појасот Газа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања