Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Хамас: Нема разоружување без палестинска државa

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Свет
Screenshot-2025-01-16-at-15.23.07

Палестинската организација Хамас објави дека нема да го положи оружјето сè додека не се воспостави целосно независна и суверена палестинска држава со Ерусалим како главен град. Со тоа директно го демантираа американскиот изасланик Стив Виткоф, пратеник на претседателот Доналд Трамп, кој неодамна тврдеше дека Хамас е подготвен да се разоружа.

— реклама —

Изјавата на Хамас доаѓа во период кога индиректните преговори со Израел за прекин на огнот и ослободување на заложниците се во ќорсокак. Според Хамас, правото на вооружен отпор останува легитимно сè додека не се исполни условот за државност.

— реклама —

„Нема да се откажеме од нашето право на отпор. Оружјето е дел од нашата борба за слобода и тоа ќе продолжи додека не биде основана суверена палестинска држава со Ерусалим како главен град“, соопшти Хамас.

— реклама —

Израел од своја страна продолжува со воени закани, барајќи разоружување и ослободување на заложниците како услов за прекин на огнот. Израелската армија обвини дека Хамас ги изложува заложниците на глад и тешки услови во Газа, пренесува BBC.

И покрај зголемениот меѓународен притисок, вклучително и од арапски и западни држави, шансите за брз договор остануваат мали.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarype28b7h9anpveJEzfaC

Израел до Хамас: Разоружување или војна

Свет | пред 1 месец

izrael-napadnat

Ескалација во Газа, девет загинати: Израел соопшти дека нападите се одговор на кршење на примирјето

Свет | пред 1 месец

media-librarylrb5mhoc9rj55RqAUqp

Поранешен заложник на Хамас ги опиша 498-те дена мачење и заробеништво

Свет | пред 2 месеци

media-libraryvbeiv6jv3o2seOiV3dF

Хамас призна: десетици борци заглавени во тунели – бара притисок врз Израел

Свет | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања