Во пресрет на посетата на Србија, Рускиот Претседател Владимир Путин, вчера даде интервју за српските медиуми. Тој зборуваше за влијанието на САД на Балканот, за Македонија но и за Косово:
“Кога зборуваме за состојбата на Балканот, сериозен дестабилизирачки фактор тука претставува политиката на САД и на одредени западни земји, усмерени кон зацврстување на нивната доминација во регионот. Уште 1999 година, Вашингтон и неговите сојузници, без санкции од Обединетите нации, дваипол месеци ја бомбардираа Југославија и насилно ја одвоија Автономната Покраина Косово.
Во 2008 година, Вашингтон и неговите сојузници го подржаа нелегитимното прогласување на косовската независност. Во 2017, наспроти ставот на повеќе од половина од населението, во НАТО беше вовлечена Црна Гора.”
Косовскиот премиер Рамуш Харадинај му одговори на рускиот претседател Владимир Путин, кој за српските медиуми изјави дека САД се дестабилизирачки фактор на Балканот, порачувајќи дека токму Русија е таа која со својата политика му нанесува штети на регионот:
– На изјавите на претседателот на Русија, Владимир Путин, дека политиките на САД и западните сојузници се дестабилизирачки фактор на Балканот, ќе одговорам дека Америка и НАТО на Балканот подразбира повеќе мир, стабилност и развој.
Активното руско присуство на Балканот го подразбира токму спротивното. Косово доаѓа во мир, напиша Харадинај на својата страница на Фејсбук.