Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

(Видео) Хонг Конг и Макао под вода: тајфунот „Рагаса“ предизвика катастрофи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
media-librarye7h978rmchod7om31AX

Супертајфунот „Рагаса“, една од најсилните бури што ја погодиле Азија во последниве години, во средата го зафати Хонг Конг и јужниот брег на Кина, носејќи бранови високи колку уличното осветлување. Животот во регионот беше парализиран по смртоносното разурнување што тајфунот го остави зад себе на Тајван и Филипините, каде загинаа најмалку 27 лица.

Во јужната кинеска провинција Гуангдонг беа евакуирани речиси 1,9 милиони луѓе. Метеоролошката станица во Чуандао забележа налети на ветер со брзина од 241 километар на час – најсилните откако постојат мерења. Силниот ветер корнеше дрвја и уриваше објекти, додека поројните дождови ја намалија видливоста на минимум.

— реклама —

Поради очекуваното движење на тајфунот кон запад, неколку железнички линии во регионот Гуангси беа прекинати. Во десетина градови беа затворени училишта, фабрики и дел од патиштата, а властите издвојуваат милиони долари за итна помош.

— реклама —

Хонг Конг утрото го пречекаа разорни налети на ветер, а граѓаните преку социјалните мрежи споделуваа снимки од урнати покриви, паднати кранови и стотици соборени дрвја. Поплавени беа шеталиштата, спортските терени и делови од градските улици. Во болниците се згрижија 90 повредени лица.

Во соседниот Макао, познат по казината, улиците се претворија во реки полни. Училиштата и продавниците беа затворени, летовите откажани, а стотици жители побараа засолниште во привремени центри. Спасувачките тимови со гумени чамци извлекуваа заглавени луѓе, а во дел од поплавените области беше исклучена струјата.

Според Хонгконшкиот опсерваториум, тајфунот достигнал постојани ветрови од 195 километри на час и градот го заобиколил на околу 100 километри. Со ваква јачина, „Рагаса“ се вбројува меѓу најмоќните циклони на северозападниот Пацифик и во Јужното кинеско Море во последните седум децении.

Пред да ја погоди Кина, „Рагаса“ предизвика човечки жртви и огромна штета на Тајван и Филипините. На Тајван, загинаа 17 лица поради надојдени води од акумулациско езеро во округот Хуалиен, кои уништија мостови и патишта. На северот на Филипините беа потврдени најмалку 10 жртви, меѓу кои и седум рибари, а петмина сè уште се водат како исчезнати. Бурата погодила речиси 700.000 луѓе, од кои 25.000 биле евакуирани во државни засолништа.


Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryr05q2iu8g0lnaP5iM8w

Трамп вели дека САД пресретнале брод што носел кинески подарок за Иран. Реагира Пекинг

Свет | пред 18 часа

— реклама —
si-dziping2

Кина нуди помош за Африка поради последиците од војната со Иран

Свет | пред 22 часа

nafta-696x465-1

Кина ги намали цените на горивата по падот на нафтата

Свет | пред 22 часа

media-librarybnj6a4fjvvkua7zCKpX

Кинеските астронаути остануваат во орбита уште еден месец

Свет | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања