Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Хрватска одлучи радиоактивниот отпад од „Кршко“ да го складира крај границата со БиХ: Сараево најавува тужба

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-librarygll4uri96chk0icsHX5

Хрватска, по четири децении барање локација, донесе одлука својот дел од радиоактивниот отпад од нуклеарната електрана „Кршко“ да го складира на Трговска Гора, во непосредна близина на границата со Босна и Херцеговина. Станува збор за околу 1.200 кубни метри отпад што Хрватска треба да го преземе до 2028 година.

Законот за складирање радиоактивен отпад е усвоен по итна постапка, иако Студијата за влијание врз животната средина сè уште не е завршена.

— реклама —

Одлуката на Загреб предизвика обединет отпор во Република Српска и Федерацијата БиХ. Претставници на институциите, граѓани и еколошки организации оценуваат дека локацијата е неприфатлива и спротивна на европските конвенции.

Координаторот на експертскиот и правниот тим за случајот Трговска Гора, Борислав Боиќ, изјави дека Босна и Херцеговина ќе покрене меѓународен спор доколку Хрватска продолжи со реализацијата на проектот.

— реклама —

Еколошките организации укажуваат дека Босна и Херцеговина немала никаква корист од работата на нуклеарната електрана „Кршко“, а сега се соочува со потенцијални последици. Според нив, радиоактивниот и институционалниот отпад се лоцира на простор кој е директно поврзан со територијата на БиХ.

Во општината Двор, каде што касарната Черкезовац е планирана како локација за складиште, живеат помалку од три илјади жители, од кои околу 70 проценти се Срби. Мештаните велат дека нивниот глас не бил земен предвид, а одлуката ја оценуваат како политичка.

Локацијата Черкезовац е оддалечена воздушно околу два километри од Нови Град и Националниот парк Уна, што предизвикува загриженост за животната средина и туризмот. Локалните власти сметаат дека сè уште има простор проектот да не се реализира еднострано.

Босна и Херцеговина ангажирала правен тим од Франција и случајот го подигнала на меѓународно ниво. Во мај, во Женева, пред Секретаријатот на ЕСПОО конвенцијата ќе се соочат аргументите на Хрватска и БиХ за и против изградбата на складиштето за радиоактивен отпад.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryaevcubpcsme7eiIB0c6

Експлозија во Сплит: загина 72-годишен маж

Балкан | пред 19 часа

— реклама —
media-librarygapulmqav1kqebLs4VW

Евакуиран шопинг-центар во Осиек

Свет | пред 1 ден

Rucna-Bomba-kasikara-granata-620x350

Паника во Загреб: Закани за бомби ги испразнија училиштата

Балкан | пред 1 ден

media-library2er4ggg8j2al63QXMK7

(Видео) Хрватски град го освои „Daily Mail“: Плажи, култура и пристапни цени

Магазин | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања