Во белгратската Арена Штарк каде вчеравечер Северина имаше концерт се случи незгода на само штом го почнала со настапот. Таа излегла на сцената, музиката почнала да свири и наеднаш се слушнало силно врискање во салата. Пукнал рефлектор, а стаклото паднало врз неколку девојки од публиката. За среќа, обезбедувањето веднаш ги тргнало девојките, а тие поминале само со ситни гребаници.
Додека да се исчисти стаклото, обезбедувањето не дозволувало никој од публиката да се доближи таму.
Ќе се испитуваат причините за проблемот.