Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Зајкова: Кога имате пријави за проблематично лице, кога жртвите ви го даваат ‘на тацна’ со име и презиме, дали е логично да не се преземе ништо?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryav58odvvkkufdRlq2DL

Моника Зајкова (ЛДП) реагира по убиството на 35-годишна жена поврзано со потенцијален сериски убиец, посочувајќи дека жртвата била следена и тоа било пријавено во полиција, но не се постапило. Таа потсетува дека предлогот на ЛДП за електронски нараквици за насилници бил отфрлен. Зајкова прашува зошто институциите не реагирале иако имало две пријави против ист човек (за давење и следење) и медицинска констатација за насилна смрт, а за една жртва не била побарана обдукција. Таа бара внатрешна истрага, утврдување одговорност и прекин на молкот.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Денес читаме наслов: 35-годишната жена чие убиство со поврзува со потенцијалниот сериски убиец, била следена од него и тоа било пријавено во полиција. Ова е наслов кој не смее да биде само уште една вест што ќе ја заборавиме утре. До кога ќе се молчи? Колку жртви треба да изброиме за некој да преземе одговорност?“, прашува во својата изјава за медиумите претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во македонското Собрание, Моника Зајкова.

По немилите настани кои се случија во Кумановскиот регион, Зајкова потсетува дека иницијативата на ЛДП за електронска нараквица за следење на сторителите на насилство беше отфрлена во Собранието без сериозна аргументација. Денес, кога имаме две пријави против ист човек, една за давење, една за следење – и двете со име и презиме, се поставува прашањето зошто не било постапено од страна на надлежните институции?

— реклама —

Зборуваме за општина со околу 3500 жители, не зборуваме за илјадници пријави дневно. Зборуваме за две жени кои побарале помош. Едната имала среќа и преживеала. Другата не. Првата јавно изјавува дека ништо не било преземено. Таткото на втората вели дека полицијата отишла кај осомничениот, но бидејќи не бил дома – тука завршило сè. Дали тоа е постапување? Дали тоа е заштита? До кога МВР ќе ги полни билтените со жени жртви на насилство, фемицид, убиства?! Дополнително, докторка констатирала насилна смрт кај двете жртви. Но, за едната не била побарана обдукција. Нејзините родители дури и не знаеле дека станува збор за насилна смрт. Како е можно, по констатација за насилна смрт, да не се побара обдукција? Каде повторно затаија институциите на системот. До кога молк од надлежните?“, прашува Зајкова.

Претседателката упатува прашања и до надлежните за тоа дали има внатрешна истрага во полициската станица и кој одлучил да не се преземат мерки? Кој проценил дека нема ризик и кој ќе ја сноси одговорноста ако се утврдат пропусти?

— реклама —

Кога имате пријави за проблематично лице, кога жртвите ви го даваат ‘на тацна’ со име и презиме, кога се појавуваат сомнителни околности, а медицинско лице посочува насилна смрт – дали е логично да не се преземе ништо? Колку жени ќе беа спасени ако се реагираше навреме? Не бараме сензација. Бараме одговорност. Не бараме политички поени. Бараме институционално постапување. И најмалку што јавноста заслужува е – одговор. Престанете да молчите“, порачува претседателката Зајкова во изјавата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryi0j082e51bph5Ejrjzx

Цветкоски: Покрај пратениците, сите именувани функционери да имаат едно државјанство

Македонија | пред 18 часа

— реклама —
media-libraryo68pkno12q0k5P24wU3

Зајкова: Свикување на Советот за безбедност и јасна стратегија за заштита на граѓаните од финансиските шокови кои допрва следуваат

Македонија | пред 5 дена

Monika-Zajkova

ЛДП со поддршка за културните работници: Културата е темел на идентитетот и развој на општеството

Македонија | пред 6 дена

LDP-gragjanska-tribina-Centar-3

ЛДП со аларм до јавноста: Игнорирањето на нашите решенија ја доуништува државата како заложник на партиски влијанија

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања