Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Зајкова: Мнозинството избра да биде соучесник во насилството врз жените

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Македонија
media-libraryo68pkno12q0k5P24wU3

Парламентарното мнозинство повторно не ги изгласа измените на Законот за заштита од семејно насилство и насилство врз жените, предложени од ЛДП, кои предвидуваа електронски нараквици за следење на сторителите. Лидерот на ЛДП, Моника Зајкова, остро реагираше, оценувајќи дека одбивањето е без аргументи и значи пропуштена превенција и загрозени животи. Таа порача дека институциите со молк и игнорирање стануваат соучесници во идни напади и дека зад статистиките стојат реални животи.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Пратениците од парламентарното мнозинство повторно не ги изгласаа измените на Законот за заштита од семејно насилство и насилство врз жените, предложени од Либерално-демократската партија, со кои беше предвидено воведување електронски нараквици за следење на сторителите.

— реклама —

Претседателката на ЛДП, Моника Зајкова, од собраниската говорница остро реагираше, оценувајќи дека ваквата одлука претставува директна одговорност за идните случаи на насилство.

— реклама —

„Без збор. Без аргумент. Без срам. Повторно го одбија предлогот за воведување електронски нараквици за следење на насилниците – мерка што значи превенција, што значи спасени животи, што значи реална заштита“, изјави Зајкова.

— реклама —

Таа нагласи дека станува збор за предлог кој не е нов и кој веќе еднаш бил одбиен, а последиците, според неа, се сериозни.

„Кога имате можност да спречите насилство, а свесно одбирате да не го направите тоа, станувате соучесници. Соучесници во секој следен напад, во секоја следна жртва“, рече Зајкова, посочувајќи дека институциите повторно избрале „молк, игнорирање и одбивање“.

Таа додаде дека не може повеќе да се прифаќа, како што рече, лицемерие и декларативна грижа за жените, нагласувајќи дека зад статистиките стојат реални човечки животи.

„Жените не се бројки. Жените не се проценти. Жените не се тема за ПР. Жените се животи. И тие животи денес беа игнорирани“, изјави Зајкова.

Според неа, одлуката на мнозинството не е само политичка, туку и морална, додавајќи дека со неа јасно се покажало на која страна стојат носителите на власта.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

235995063_373230004432051_1972069012189169322_n

Комисија за економија на ЛДП: Потребна е брза реакција од Владата за намалување на ценовниот шок од поскапувањата на горивата

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryav58odvvkkufdRlq2DL

Зајкова: Кога имате пријави за проблематично лице, кога жртвите ви го даваат ‘на тацна’ со име и презиме, дали е логично да не се преземе ништо?

Македонија | пред 1 месец

media-library573je14cnk7p6NdAPlS

Аврамовски: Возачите на камиони мора да бидат сметани за професионалци, а не за туристички патници

Македонија | пред 1 месец

LDPlogo-620x360

Европските либерали ја поддржуваат Македонија, ја поддржуваат демократијата и ја поддржуваат ЛДП

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања