Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Згаснати речиси 400.000 сајтови: полицијата удри во срцето на сајбер-криминалот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Свет
sajber-napad

Во рамки на глобална акција предводена од германските власти со поддршка на Европол, на дарк вебот се затворени повеќе од 373.000 интернет-страници поврзани со детска сексуална експлоатација и сајбер-криминал.

— реклама —

Во операцијата „Елис“ учествувале 23 држави, при што бил идентификуван главниот оператор на платформата, како и 440 корисници ширум светот. Истрагата, која започнала во средината на 2021 година, открила мрежа од стотици илјади лажни страници преку кои се нуделе материјали со сексуална злоупотреба на деца, како и услуги од типот „сајбер-криминал како услуга“.

— реклама —

Во акцијата биле запленети 105 сервери и повеќе електронски уреди, вклучително компјутери и мобилни телефони. Извршната директорка на Европол, Катрин Де Бол, изјави дека операцијата испраќа јасна порака дека криминалците нема каде да се сокријат кога меѓународните служби делуваат координирано.

— реклама —

Европол ја координирал истрагата, помогнал во следење на плаќања со криптовалути и обезбедил аналитичка поддршка, додека националните институции преземале мерки за заштита на идентификуваните деца-жртви.

Операцијата сè уште трае и е насочена кон повеќе од сто осомничени лица. Во неа учествуваат држави од Европа и светот, меѓу кои и САД, Велика Британија, Германија, Франција и Италија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања